3. Мојсеева
6 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Ако некој* згреши и со тоа постапи неверно кон Јехова,+ па го измами+ својот ближен за нешто што му е доверено, или за залогот што му е предаден в раце,+ или за нешто грабнато, или ако го искористи својот ближен,+ 3 или ако најде нешто што било изгубено,+ па го затаи и се заколне лажно+ за каква и да е работа што човек може да ја направи и со тоа да згреши, 4 ако згреши на таков начин и стане виновен,+ тогаш нека го врати она што го грабнал или го изнудил со измама, или она што му било доверено на чување, или изгубеното што го нашол, 5 или сето она за кое лажно се заколнал, да го надомести+ тоа во целост и уште да додаде една петтина од вредноста. Уште во истиот ден кога ќе биде докажано дека е виновен да му го врати тоа на оној кому му припаѓа. 6 Како своја жртва за вина да му донесе на Јехова од стадото овен без недостаток,+ според проценетата вредност, и да му го предаде на свештеникот како жртва за вина.+ 7 И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ пред Јехова, и ќе му биде простено што и да сторил од сите оние дела со кои може да се навлече вина“.
8 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 9 „Заповедај им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртва паленица:+ жртвата паленица нека биде на огништето на жртвеникот цела ноќ до утрото, а огнот на жртвеникот нека гори постојано. 10 Свештеникот нека ја облече својата службена ленена облека+ и на своето тело нека облече ленени гаќи.+ Потоа нека ја собере мрсната пепел+ од жртвата паленица што огнот ја изгорува на жртвеникот и нека ја стави покрај жртвеникот. 11 Потоа нека ја соблече својата одежда+ и нека облече друга, па нека ја однесе мрсната пепел на чисто место надвор од логорот.+ 12 Огнот на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне. И свештеникот секое утро нека става дрва+ во огнот и врз нив нека ја става жртвата паленица. На него нека ги гори+ мрсните парчиња од жртвата на заедништвото. 13 Огнот+ на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне.
14 А ова е законот за житната жртва:+ синовите на Арон нека му ја принесуваат на Јехова пред жртвеникот. 15 Еден од нив нека земе грст од финото брашно од житната жртва и дел од маслото и сиот темјан што е на житната жртва, па тоа нека го изгори на жртвеникот за успокојувачки мирис за Јехова, како спомен+ на жртвата. 16 А она што ќе преостане, ќе го изедат Арон и неговите синови.+ Тоа да се јаде направено како бесквасен леб+ на свето место. Нека го јадат во дворот од шаторот на средбата. 17 Не смее да се пече со квасец.+ Им го давам тоа како нивни дел од моите палени жртви.+ Тоа е нешто најсвето,+ како и жртвата за грев и жртвата за вина. 18 Секој машки+ потомок на Арон нека јаде од него. Тоа ви е дел од жртвите палени за Јехова за навек,+ во вашите идни поколенија. Сѐ што ќе се допре до нив, ќе стане свето‘ “.
19 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 20 „Ова е жртвата+ што Арон и неговите синови треба да му ја принесат на Јехова на денот на неговото помазание:+ десеттина ефа+ фино брашно како редовна житна жртва,+ половината наутро, а половината навечер. 21 Нека биде зготвена со масло во тава.+ Донеси ја добро измешана. Принеси ги печените парчиња од житната жртва за успокојувачки мирис за Јехова. 22 Нека ја зготви и свештеникот, оној од неговите синови што ќе биде помазан наместо него.+ Ова е трајна уредба: таа жртва нека биде цела изгорена за Јехова.+ 23 Секоја житна жртва од свештеник+ треба да биде изгорена цела. Никој не смее да јаде од неа“.
24 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 25 „Кажи им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртвата за грев:+ на местото+ каде што обично се коле жртвата паленица, да се коле и жртвата за грев пред Јехова. Таа е нешто најсвето.+ 26 Кој свештеник ја принесува за грев, тој и нека ја јаде.+ Да се јаде на свето место,+ во дворот +од шаторот на средбата.
27 Сѐ што ќе се допре до нејзиното месо ќе стане свето,+ и ако некој ја попрска одеждата со нејзината крв,+ на свето место испери го она што го попрскал со крв.+ 28 Земјениот+ сад во кој се варело месото да се скрши. А ако се варело во бакарен сад, тогаш садот да се истрие и да се измие со вода.
29 Секој маж што е свештеник нека го јаде тоа.+ Тоа е нешто најсвето.+ 30 Но ниту една жртва за грев, чијашто крв+ ќе биде внесена во шаторот на средбата за да се изврши обредот на очистување на светото место, не смее да се јаде. Да се изгори во оган.