Исус Навин
16 На синовите на Јосиф+ со ждрепка им припадна+ делот што се простира од Јордан+ кај Ерихон до ерихонските води од нивната источна страна, па преку пустината што се издигнува од Ерихон кон ветилските планини.+ 2 Од Ветил, кој е кај Луз,+ тоа подрачје се протегаше до границата со Архијците+ кај Атарот. 3 Потоа се спушташе на запад до границата со Јафлетовците, сѐ до пограничните места на Долни Вет-Орон+ и на Гезер,+ и на крајот излегуваше на море.+
4 Така синовите на Јосиф+ — Манасија и Ефрем+ — ја зазедоа земјата.+ 5 Границата на синовите на Ефрем, по нивните семејства — границата на нивното наследство на исток — беше кај Атарот-Адар+ и продолжуваше до Горни Вет-Орон.+ 6 Оттаму границата се протегаше кон морето. На север границата одеше до Михметат.+ Потоа свртуваше на исток кон Танат-Силом, па одеше на исток кон Јанох. 7 Од Јанох одеше надолу до Атарот и до Нара, допираше до Ерихон+ и на крајот излегуваше на Јордан. 8 Од Тафуј+ границата одеше на запад кон долината на Кана,+ и на крајот излегуваше на море.+ Тоа е наследството на племето на синовите на Ефрем, по нивните семејства. 9 А на синовите на Ефрем им припаѓаа и некои одделни градови+ што се наоѓаа среде наследството на синовите на Манасија, сите такви градови со околните места.
10 Но не ги протераа Ханаанците+ што живееја во Гезер.+ Затоа Ханаанците живеат меѓу синовите на Ефрем до ден-денес,+ но принудени се на ропска работа.+