Јов
18 Тогаш Вилдад од Суј одговори:
2 „Кога ќе им ставите* крај на своите зборови?
Вразумете се, па да зборуваме!
3 Зошто да нѐ сметаат за животни,+
па да бидеме нечисти во ваши очи?
4 Во својот гнев си ја раскинуваш душата.
Зарем заради тебе ќе опустее земјата
и карпата ќе се премести од своето место?
5 Ќе угасне светлината на злиот+
и нема да свети искрата на неговиот оган.
6 Светлината во неговиот шатор ќе потемни+
и светилката во неговиот шатор ќе угасне.
7 Неговите пргави чекори ќе бидат сопрени.
Неговите замисли ќе го урнат.+
8 Зашто, неговата нога ќе го одведе во мрежа,
тој ќе влезе во испреплетени јажиња.+
10 Скриена јамка го демне на земјата
и стапица го чека на неговата патека.
11 Ненадејни стравотии+ го плашат отсекаде
и го прогонуваат во чекор.
12 Глад ја проголтува неговата сила,
пропаста+ само чека да му ги спрепне нозете.
13 Најсмртоносна болест* ќе му ја јаде кожата,
ќе му ги изеде рацете и нозете.
14 Неговата доверба ќе ја истргнат од неговиот шатор,+
стравотиите ќе го одведат кај царот на стравотиите.
15 Во неговиот шатор ќе се населат оние што не се негови,
неговото живеалиште ќе биде посипано со сулфур.+
16 Одоздола ќе му се исушат корењата,+
а одозгора ќе му овенат гранките.
17 И споменот за него ќе исчезне од земјата,+
и ќе нема име по улиците.
18 Ќе го турнат од светлина во темнина
и ќе го истераат од плодната почва.
19 Ќе нема ни потомок ни рожба во својот народ,+
ќе нема преживеан на местото каде што живее.
20 Во денот на неговата неволја, луѓето на запад ќе гледаат запрепастено,
и од страв ќе затреперат луѓето на исток.
21 Ете, тоа се шаторите на злосторникот,
тоа е живеалиштето на оној што не го познава Бог“.