Јов
40 Одговарајќи му на Јов, Јехова продолжи:
2 „Ќе се препира ли приговарачот со Семоќниот?+
Нека одговори оној што го укорува Бог!“+
3 Тогаш Јов му одговори на Јехова:
4 „Еве, мал сум пред тебе.+
Што да ти одговорам?
Си ја ставам раката на уста.+
5 Еднаш зборував, и нема повеќе да одговарам;
двапати зборував, и нема повеќе ништо да додадам“.
6 Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+
7 „Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек,+
и јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.+
8 Зарем ќе ја обезвредниш мојата правда?
Зарем ќе ме обвиниш мене за да се оправдаш себеси?+
11 Излеј го својот жесток гнев,+
погледни ги сите вообразени и понижи ги.
12 Погледни ги сите вообразени, понижи ги+
и згази ги злите таму каде што се.
13 Скриј ги сите заедно во правот,+
нивните лица заврзи ги на скришно место,
14 и јас ќе те пофалам,
зашто твојата десница може да те спаси.
15 А сега гледај го нилскиот коњ,* кого јас го направив како што те направив и тебе.
Јаде зелена трева+ како бик.
16 Гледај, во бутовите е неговата сила,
и неговата голема јачина+ почива во неговите стомачни мускули.*
17 Ја свиткува опашката како кедар,
испреплетени му се жилите на бедрата.
18 Коските му се цевки бакарни,
силни му се коските како ковани железни шипки.
19 Тој е првото од Божјите дела.
Само неговиот Творец+ може да го приближи својот меч до него.
22 Трнливите лотоси го засолнуваат со својата сенка,
крајизворски тополи го опкружуваат.
23 Ако надојде реката незапирливо, тој не бега избезумено.
Мирен е дури и кога Јордан+ ќе навали во неговата уста.
24 Додека тој гледа, може ли некој да го фати?
Може ли некој да му го прободе носот со кука?