Јов
3 Има ли крај на зборовите празни како ветар?+
Од каде таа горчина која те тера да одговараш?
4 И јас би можел да зборувам како вас.
Камо да беа вашите души на местото на мојата душа!
Мислите ли дека тогаш и јас ќе ви се нафрлев со сјајни зборови+
и ќе нишав со главата полн со презир кон вас?+
6 Ако зборувам, болката не попушта,+
а ако престанам, ќе ми помине ли?
7 Но, сега Бог ме измори,+
ги фрли во пропаст сите што се собираа околу мене.
8 А освен тоа и ме зграпчи. За тоа сведочи+
мојата испиеност која подига глас против мене. Пред мои очи сведочи против мене.
9 Божјиот гнев ме распарчува, Бог негува непријателство кон мене.+
Против мене чкрта со забите.+
Мојот противник сека со очите против мене.+
10 Ширум ги раззинуваат устите против мене,+
ме удираат по образите со потсмев,
во голем број се собираат против мене.+
11 Бог ме предава на деца,
ме фрла во рацете на зли луѓе.+
13 Неговите стрелци+ ме опколија,
тој ги прободува моите бубрези+ и нема сочувство,
ми ја истура на земја жолчката.
14 Ме пробива и пробива како некој ѕид,
како јунак се нафрла на мене.+
16 Лицето ми поцрвене од плачење,+
на веѓите имам густа темнина,+
17 иако нема зло во моите раце
и мојата молитва е чиста.+
18 Земјо, немој да ја покриеш мојата крв!+
Нека не стивне моето викање!
19 И сега, еве, на небесата е оној што сведочи за мене,
мојот сведок е во висините.+
21 Треба да се одлучи помеѓу човек и Бог,
како и помеѓу синот човечки и неговиот ближен.+