Еремија
14 Оваа реч за сушата+ му дојде од Јехова на пророкот Еремија: 2 Јуда тагува,+ трошни му се портите.+ Малодушно лежат на земја,+ се крева лелек од Ерусалим.+ 3 Нивните угледни луѓе ги праќаат своите слуги по вода.+ Тие доаѓаат до бунарите, но не наоѓаат вода.+ Се враќаат со празни садови. Посрамени се+ и разочарани, си ја покриваат главата.+ 4 Земјата испука бидејќи не паѓа дожд на неа.+ Затоа земјоделците се засрамија, си ја покрија главата.+ 5 Дури и срната, која раѓа во полето, го остава своето младенче зашто нема зелена трева. 6 Зебрите+ стојат на голите ридови, збивтаат како шакали, очите им гаснат зашто нема зеленило.+ 7 Дури и ако нашите престапи сведочат против нас, стори нешто, Јехова, заради своето име!+ Зашто, нашите неверни дела се многубројни.+ Тебе ти згрешивме.+
8 О надеж на Израел,+ Спасителу негов+ во време на неволја,+ зошто си како дојденец во оваа земја и како патник што навратил да ноќева?+ 9 Зошто си како исплашен човек, како јунак кој не може да спаси?+ Ти си меѓу нас,+ Јехова, и ние го носиме твоето име.+ Не оставај нѐ!
10 Вака вели Јехова за овој народ: „Тие сакаат да скитаат+ и не ги запираат своите нозе.+ Затоа не му се мили на Јехова.+ Сега тој ќе се сети на нивните престапи и ќе ги казни за нивните гревови“.+
11 И Јехова ми рече: „Не моли се да му биде добро на овој народ.+ 12 Кога постат, не го слушам нивниот повик за помош.+ Кога принесуваат цела жртва паленица и житна жртва, не ми е мило.+ Со меч, со глад и со помор ќе ги погубам“.+
13 Тогаш реков: „Ах, Севишен Господару Јехова! Еве, пророците им велат: ‚Меч нема да видите и глад ќе нема кај вас, туку ќе ви дадам вистински мир на ова место‘ “.+
14 А Јехова ми рече: „Тие пророци пророкуваат лага во мое име.+ Ниту ги испратив, ниту им дадов некаква заповед, ниту им реков нешто.+ Тие ви пророкуваат од своето срце лажни виденија, гатање, празни зборови+ и измами.+ 15 Затоа вака вели Јехова за пророците што пророкуваат во негово име, а тој не ги испратил, и зборуваат дека ќе нема ни меч ни глад во оваа земја: ‚Од меч и од глад ќе загинат тие пророци.+ 16 А овој народ, кому тие му пророкуваат, ќе лежи по улиците на Ерусалим покосен од глад и од меч, и не ќе има кој да ги погребе — нив, нивните жени, нивните синови и нивните ќерки.+ Ќе ја излеам врз нив нивната неволја‘.+
17 А ти кажи им вака: ‚Моите очи нека ронат солзи ноќе и дење и нека не престанат,+ зашто девицата, ќерката на мојот народ, е скршена од голема пропаст,+ од удар што е крајно болен.+ 18 Ако излезам во полето, гледај, убиени со меч!+ Ако влезам во градот, гледај, болести поради гладот!+ Зашто, и пророкот и свештеникот скитаат по земја што не ја познаваат‘ “.+
19 Зар сосема го отфрли Јуда?+ Зар душата твоја го замрази Сион?+ Зошто нѐ удри, па нема лек за нас?+ Се надевавме на мир, но нема добро, и на време кога ќе се излекуваме, но ете страв!+ 20 Ја признаваме, Јехова, својата злоба, престапот на своите татковци,+ зашто ти згрешивме тебе.+ 21 Не презирај нѐ заради своето име,+ не презирај го својот славен престол!+ Сети се на својот сојуз со нас, немој да го раскинеш!+ 22 Има ли меѓу ништожните идоли+ на народите некој што може да даде дожд? Можат ли небесата сами да дадат обилен дожд?+ Зарем не си ти, Јехова, наш Боже, оној што го дава тоа?+ На тебе се надеваме, зашто ти го правиш сето тоа.+