Судиите
21 Израелците се заколнаа во Миспа:+ „Никој од нас нема да даде своја ќерка за жена на Венијаминов син“.+ 2 Потоа народот дојде во Ветил+ и таму седеше пред вистинскиот Бог+ до вечерта, тажејќи и горко плачејќи.+ 3 И рекоа: „Јехова, Боже Израелов, зошто се случи ова во Израел? Зошто исчезна денес едно племе од Израел?“+ 4 Утредента народот подрани и таму изгради жртвеник, па принесе жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+
5 Тогаш синовите на Израел рекоа: „Има ли некој меѓу сите племиња на Израел што не дојде на собир пред Јехова? Зашто, свечено се заколнавме+ дека ќе биде погубен секој што нема да дојде пред Јехова во Миспа“.+ 6 А синовите на Израел се сожалија на Венијамин, својот брат и рекоа: „Денес е отсечено едно племе од Израел. 7 Што ќе направиме за да добијат жени оние што преостанаа, сега, откако се заколнавме+ во Јехова дека нема да им ги даваме своите ќерки за жени?“+
8 Затоа прашаа: „Има ли некој меѓу племињата на Израел што не дојде пред Јехова во Миспа?“+ И гледај, никој од Јавис-Галад+ не беше дошол во логорот на собирот. 9 Зашто, кога се преброи народот, се виде дека таму нема никој од жителите на Јавис-Галад. 10 Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади најхрабри луѓе и им заповеда: „Одете и погубете ги жителите на Јавис-Галад со сечилото на мечот, и жените и децата!+ 11 И вака направете: погубете ги* сите мажи и сите жени кои легнале со маж!“+ 12 И меѓу жителите на Јавис-Галад+ најдоа четиристотини девојки, девици+ кои не легнале со маж. И ги доведоа во логорот во Сило,+ во ханаанската земја.
13 Тогаш целата заедница испрати гласници за да зборуваат со синовите на Венијамин што беа на карпата Римон+ и за да им понудат мир. 14 Тогаш се вратија синовите на Венијамин, па им ги дадоа жените од Јавис-Галад+ кои ги оставија живи. Но немаше доволно за сите нив.+ 15 И народот се сожали на Венијамин,+ зашто Јехова направи раздор меѓу племињата на Израел. 16 И старешините на заедницата рекоа: „Што да направиме за да добијат жени овие што преостанаа, сега, откако жените од Венијамин се истребени?“ 17 А потоа рекоа: „Остатокот од синовите на Венијамин+ нека добијат своја земја за да не се избрише едно племе од Израел. 18 Но ние не смееме да им ги даваме своите ќерки за жени, зашто синовите на Израел се заколнаа: ‚Проклет да биде оној што ќе им даде жена на синовите на Венијамин!‘ “+
19 Потоа рекоа: „Еве, секоја година се слави празник во чест на Јехова во Сило,+ северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем+ и јужно од Левона“. 20 Затоа им заповедаа на синовите на Венијамин: „Одете и чекајте во заседа во лозјата. 21 И штом ќе видите дека девојките од Сило излегуваат да играат+ оро, скокнете од лозјата и секој нека си грабне жена за себе од девојките од Сило, па потоа одете во земјата на Венијамин. 22 А кога нивните татковци или нивните браќа ќе дојдат за да се судат со нас, ние ќе им речеме: ‚Смилувајте им се поради нас, зашто не успеавме за секој од нив да земеме жена во војна.+ А бидејќи вие не им дадовте, не сте виновни‘ “.+
23 И синовите на Венијамин направија така, и од грабнатите девојки што играа+ си зедоа за себе онолку жени колку што беа тие.+ Потоа отидоа и се вратија на своето наследство, пак изградија градови+ и се населија во нив.
24 А синовите на Израел тогаш се разотидоа оттаму, секој во своето племе и во своето семејство. Си отидоа оттаму, секој на своето наследство.+
25 Во тоа време немаше цар во Израел.+ Секој го правеше она што сметаше дека е исправно.+