Давидова песна.
15 О Јехова, кој ќе биде гостин во твојот шатор?+
Кој ќе живее на твојата света гора?+
2 Оној што живее беспрекорно+ и постапува праведно+
и ја зборува вистината во своето срце.+
3 Тој не клевети со јазикот.+
Не му прави никакво зло на ближниот свој+
и не го срамоти пријателот свој.+
4 Неговите очи го отфрлаат оној што заслужува презир,+
а им укажуваат чест на оние што се бојат од Јехова.+
Својата заклетва не ја менува, дури и ако тоа е на негова штета.+
5 Своите пари не ги дава за камата+
и не зема поткуп против невиниот.+
Кој прави така, никогаш нема да се затетерави.+