1. Коринќаните
9 Зарем јас не сум слободен?+ Зарем не сум апостол?+ Зарем не сум го видел Исус, нашиот Господар?*+ Зарем не сте вие мое дело во Господарот? 2 Ако не сум им апостол на другите, вам секако сум ви апостол, зашто вие сте печатот што го потврдува+ моето апостолство во Господарот.
3 Ова е мојата одбрана пред оние што ме обвинуваат:+ 4 зарем немаме право да јадеме+ и да пиеме? 5 Зарем немаме право да водиме со себе жена верница,+ како и другите апостоли и браќата на Господарот+ и Кифа?+ 6 Или, зар само Варнава+ и јас мораме да работиме за да се издржуваме?+ 7 Кој е тој војник што служи на свој трошок? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот род?+ Или, кој пасе стадо, а не пие од млекото што го дава стадото?+
8 Зарем го зборувам ова според човечки мерила?+ Зарем не го кажува тоа и Законот?+ 9 Зашто, во Мојсеевиот закон е напишано: „Не врзувај му ја устата на бикот што го врши житото“.+ Зар на Бог му се важни биковите? 10 Или тоа го вели токму поради нас? Навистина, поради нас е тоа напишано,+ бидејќи кој ора, треба да ора со надеж, и кој врши жито, треба да го врши со надеж дека ќе го добие својот дел.+
11 Ако ние вам ви сеевме духовни добра,+ премногу ли е ако ги пожнееме вашите телесни добра?+ 12 Ако другите имаат право на дел од вашите добра,+ зарем ние немаме уште повеќе право на тоа? Но, не го искористивме тоа право,+ туку поднесуваме сѐ за да не ѝ поставиме некаква пречка на добрата вест+ за Христос. 13 Не знаете ли дека оние што вршат света служба јадат+ храна што доаѓа од храмот, и дека оние што служат+ кај жртвеникот ја делат жртвата со жртвеникот? 14 Така и Господарот одреди+ оние што ја објавуваат добрата вест да живеат од добрата вест.+
15 Но јас не искористив ништо од тоа.+ И не го напишав ова за да се постапува така со мене, бидејќи подобро би било да умрам отколку... Никој не може да го обезвредни она со кое можам да се пофалам!+ 16 А ако ја објавувам добрата вест,+ тоа не е причина да се фалам, зашто тоа ми е должност.+ Навистина, тешко мене+ ако не ја објавувам добрата вест! 17 Ако го правам тоа доброволно,+ имам награда,+ а ако го правам тоа против своја волја, сепак ми е доверена задача.+ 18 Каква ми е тогаш наградата? Проповедајќи да ја пренесувам бесплатно добрата вест,+ не злоупотребувајќи го правото што го имам како проповедник на добрата вест.
19 Зашто, иако сум слободен од сите, самиот себе се направив роб+ на сите за да придобијам колку што е можно повеќе луѓе.+ 20 Така на Евреите им бев како Евреин,+ за да ги придобијам Евреите. На оние под закон им бев како под закон+ — иако не сум под законот+ — за да ги придобијам оние што се под законот. 21 На оние без закон+ им бев како без закон+ — иако не сум без законот Божји, туку сум под законот+ Христов+ — за да ги придобијам оние што се без закон. 22 На слабите им бев слаб, за да ги придобијам слабите.+ На сите* им бев сѐ,+ за да можам на секој можен начин да спасам некои. 23 Но, сѐ правам поради добрата вест, за да им ја проповедам на другите.+
24 Не знаете ли дека во една трка сите тркачи+ трчаат, но само еден добива награда?+ Затоа трчајте+ така за да ја освоите.+ 25 А секој натпреварувач се воздржува+ во сѐ. Тие го прават тоа за да добијат распадлив венец,*+ а ние нераспадлив.+ 26 Затоа јас не трчам+ бесцелно и не удирам со раката како да го бијам воздухот,+ 27 туку го тепам своето тело+ и го држам во покорност како роб, за да не бидам самиот отфрлен+ откако им проповедав на другите.