1. Летописи
16 И го внесоа ковчегот на вистинскиот Бог+ и го поставија во шаторот што Давид го подигна за него.+ Тогаш почнаа да принесуваат пред вистинскиот Бог жртви паленици и жртви на заедништвото.+ 2 Кога ги принесе жртвите паленици+ и жртвите на заедништвото,+ Давид го благослови+ народот во Јеховино име.+ 3 Потоа им раздели+ на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје. 4 И постави некои левити+ за да служат+ пред Јеховиниот ковчег, да го потсетуваат+ народот на делата на Јехова, Богот на Израел, да му благодарат+ и да го слават:+ 5 поглаварот Асаф,+ веднаш до него Захарија, потоа Јејел, Семирамот, Јеил, Матитиј, Елијав, Венај, Овид-Едом и Јејел+ со псалтирите и со харфите,+ Асаф+ кој гласно удираше со чинелите+ 6 и свештениците Венај и Јазиел, кои со трубите+ секогаш беа пред ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.
7 Во тој ден Давид за прв пат им даде+ на Асаф+ и на неговите браќа свој псалм за да му благодарат+ на Јехова со него:
8 „Благодарете му на Јехова,+ повикувајте го неговото име,+
објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+
12 Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+
на неговите чуда и на законите од неговата уста,+
13 вие, потомци на Израел, неговиот слуга,+
синови на Јаков, негови избраници!+
14 Тој е Јехова, нашиот Бог,+ неговите закони се по целата земја.+
15 Сеќавајте се довека на неговиот сојуз,+
на речта што ја заповеда, низ илјада поколенија,+
16 сојуз што го склучи со Авраам+
и заклетва што му ја даде на Исак,+
17 која му ја постави како уредба на Јаков,+
како траен сојуз на Израел,+
18 велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+
како твој наследен дел‘.+
19 Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+
кога беа многу малку и кога живееја во неа како дојденци.+
21 Никому не му дозволи да ги измами,+
туку поради нив укоруваше цареви,+
22 велејќи: ‚Не допирајте ги моите помазаници,
не правете им зло на моите пророци!‘+
24 Раскажувајте меѓу народите за неговата слава,
меѓу сите народи за неговите чудесни дела!
25 Зашто, Јехова е велик и достоен за најголема фалба,+
од него треба да се бојат повеќе отколку од сите други богови.+
28 Признајте го Јехова, племиња од сите народи,
оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ!+
29 Оддајте му ја на Јехова славата достојна на неговото име,+
понесете дар и дојдете пред него!+
Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+
30 Поради него, сите вас, земни луѓе, нека ве обземе тешка болка!
Земјата* стои цврсто,
никогаш нема да се разниша.+
31 Нека се радуваат небесата и нека се весели земјата!+
Нека зборуваат меѓу народите: ‚Јехова почна да царува!‘+
35 И речете: ‚Спаси нѐ, Боже на нашето спасение,+
собери нѐ и избави нѐ од другите народи,+
за да му благодариме на твоето свето име,+ за да зборуваме радосно на твоја фалба.+
37 Потоа ги остави таму пред ковчегот на Јеховиниот сојуз Асаф+ и неговите браќа за да служат+ без престан пред ковчегот, како што е пропишано за секој ден,+ 38 потоа Овид-Едом и неговите браќа, шеесет и осум, како и Овид-Едом, синот на Једутун, и Оса, за да бидат вратари. 39 Свештеникот Садок+ и неговите браќа, свештеници, ги постави пред Јеховиниот шатор на височинката во Гаваон+ 40 за да му принесуваат на Јехова жртви паленици на жртвеникот за жртви паленици без престан, наутро и навечер, и да го извршуваат сето она што е запишано во законот што Јехова му го даде на Израел.+ 41 Со нив беа Еман+ и Једутун и останатите избрани, кои беа по име одредени+ да му упатуваат фалби на Јехова,+ зашто „неговата милост* трае довека“.+ 42 Еман+ и Једутун+ беа со нив за да трубат со труби,+ да удираат со чинели и да свират на други инструменти во чест на Бог. Синовите+ на Једутун беа на портата. 43 И сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.+ Потоа Давид отиде да го благослови својот дом.