4. Мојсеева
15 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе дојдете во земјата каде што ќе живеете, која ви ја давам,+ 3 и кога ќе принесувате жртва палена за Јехова,+ жртва паленица+ или жртва што се принесува поради посебен завет или доброволно+ или на вашите годишни празници,+ правејќи така од крупната или од ситната стока успокојувачки мирис за Јехова,+ 4 оној што ја принесува својата жртва нека му принесе на Јехова и житна жртва, десеттина ефа* фино брашно+ замесено со четврт ин масло. 5 Со жртвата паленица или со некоја друга жртва принеси и четврт ин вино како жртва налевница+ на секое машко јагне. 6 А со овенот принеси житна жртва од две десеттини фино брашно замесено со третина ин масло. 7 Принеси третина ин вино како жртва налевница за успокојувачки мирис за Јехова.
8 Ако му принесуваш на Јехова јунец како жртва паленица+ или друга жртва заради некој посебен завет+ или како жртва на заедништвото,+ 9 тогаш со машкото од крупната стока принеси и житна жртва+ од три десеттини фино брашно замесено со половина ин масло. 10 Принеси и половина ин вино како жртва налевница;+ тоа е жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова. 11 Така да се подготви секој јунец и секој овен и секое машко јагне или јаре. 12 Сеедно колку ќе принесете, така подгответе го секое од нив, според нивниот број. 13 Секој роден Израелец нека го прави тоа кога ја принесува жртвата палена за успокојувачки мирис за Јехова.+
14 Ако сака да принесе жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова дојденецот што живее меѓу вас или оној што е меѓу вас веќе со поколенија, нека го прави истото што го правите и вие.+ 15 Истата одредба нека важи за вас кои припаѓате на заедницата и за дојденецот што живее меѓу вас.+ Тоа нека биде трајна одредба за вашите поколенија. Дојденецот нека биде пред Јехова како што сте вие.+ 16 Нека важи еден закон и еден пропис за вас и за дојденецот што живее меѓу вас‘ “.+
17 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 18 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе дојдете во земјата во која ве водам+ 19 и кога ќе го јадете лебот од таа земја,+ дајте му прилог на Јехова. 20 Како прилог од првините+ на своето крупно брашно принесете прстенест леб. Принесете го како и прилогот од гумното. 21 Од првините на своето крупно брашно давајте прилог за Јехова од поколение до поколение.
22 Ако згрешите и не постапите според сите овие заповеди+ што му ги објави Јехова на Мојсеј, 23 според сѐ што ви заповеда Јехова преку Мојсеј од денот кога Јехова издаде заповед па натаму низ сите ваши поколенија, 24 ако заедницата го направила тоа несакајќи и не била свесна за тоа, нека принесе јунец како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова, заедно со житната жртва и со жртвата налевница според прописот,+ како и едно јаре како жртва за грев.+ 25 Свештеникот нека изврши обред на очистување+ за целата заедница од синови на Израел и ќе им биде простено, бидејќи било несакајќи,+ и тие како своја жртва принеле жртва палена за Јехова, како и својата жртва за грев пред Јехова поради она што го направиле несакајќи. 26 И ќе им биде простено+ на целата заедница од синови на Израел и на дојденецот што живее меѓу нив, зашто целиот народ згрешил несакајќи.
27 Ако некој* згреши несакајќи,+ нека принесе женско јаре старо до една година како жртва за грев.+ 28 И свештеникот нека изврши обред на очистување за човекот* што згрешил ненамерно, правејќи грев пред Јехова, нека изврши обред на очистување, и ќе му биде простено.+ 29 Кога некој ќе направи нешто ненамерно, еден закон нека важи за синовите на Израел и за дојденецот што живее меѓу нив.+
30 Но, ако некој,* било да е роден Израелец било да е дојденец, направи нешто намерно,+ таквиот* хули на Јехова.+ Таквиот да биде погубен и така да биде отстранет од својот народ.+ 31 Поради тоа што ја презрел Јеховината реч+ и ја прекршил неговата заповед,+ таквиот* да биде погубен.+ Нека одговара за својот престап‘ “.+
32 Кога беа во пустината, синовите на Израел еднаш затекоа еден човек како собира дрва на ден за одмор.*+ 33 Оние што го затекоа како собира дрва го доведоа кај Мојсеј и кај Арон и кај целата заедница. 34 Го ставија под стража,+ зашто уште не беше јасно одредено што да се прави со него.
35 А Јехова му рече на Мојсеј: „Тој човек треба да биде погубен!+ Целата заедница нека го затрупа со камења надвор од логорот“.+ 36 Така целата заедница го изведе надвор од логорот, па го затрупа со камења, и тој загина, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.
37 И Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 38 „Кажи им на синовите на Израел и речи им нека си прават реси на скутовите од своите облеки од поколение до поколение, и над ресите на скутот нека ставаат сина врвца.+ 39 ‚Ќе имате реси за, кога ќе ги погледнете, да се сетите на сите Јеховини заповеди+ и да ги извршувате, и да не се поведувате по своето срце и по своите очи+ што ве наведуваат да му бидете неверни на својот Бог.*+ 40 Така ќе се сеќавате на сите мои заповеди и ќе ги извршувате, и ќе му бидете свети на својот Бог.+ 41 Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја за да ви биде Бог.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.+