Псалми
На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.* Кога побегна во пештерата+ од Саул.
57 Смилувај ми се, Боже, смилувај ми се,+
зашто мојата душа најде прибежиште кај тебе;+
во сенката на крилјата твои наоѓам прибежиште додека да поминат неволјите.+
2 Го повикувам Севишниот Бог, вистинскиот Бог кој ќе ги погуби заради мене.+
3 Тој ќе испрати помош од небесата и ќе ме спаси.+
Ќе го збуни оној што сака да ме зграпчи со забите.+ (Села)
Бог ќе ги испрати својата милост* и својата вистинољубивост.+
4 Мојата душа е меѓу лавови,+
ќе морам да лежам меѓу оние што голтаат, меѓу синовите човечки,
чии заби се како копја и стрели,+
чиј јазик е остар меч.+
6 Тие наместија мрежа за моите чекори,+
мојата душа се свитка.+
Пред мене ископаа јама како стапица,
самите паднаа во неа.+ (Села)
Ќе ја разбудам зората.
11 Возвиши се над небесата, Боже,+
Твојата слава нека биде над целата земја.