4. Мојсеева
29 Во седмиот месец, на првиот ден од тој месец, одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ Тоа нека ви биде ден кога се огласуваат трубите.+ 2 Принесете како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток.+ 3 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+ 4 и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+ 5 покрај тоа принесете и едно машко јаре како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 6 Тоа нека биде жртва палена за Јехова, за успокојувачки мирис за Јехова,+ покрај месечната жртва паленица+ и нејзината житна жртва+ и покрај редовната жртва паленица+ и нејзината житна жртва,+ заедно со нивните жртви налевници,+ како што е пропишано за нив.
7 А на десеттиот ден од тој седми месец одржете свет собир+ и жалостете ги своите души.+ Не работете никаква работа.+ 8 Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+ 9 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+ 10 и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+ 11 покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај жртвата за грев заради очистување+ и покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+
12 А на петнаесеттиот ден од седмиот месец+ одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа,+ туку седум дена славете празник во чест на Јехова.+ 13 Како жртва паленица,+ жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња. Нека бидат без недостаток.+ 14 Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој од тринаесетте јунци, по две десеттини ефа за секој од двата овна+ 15 и по една десеттина ефа за секое од четиринаесетте јагниња;+ 16 а покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+
17 На вториот ден: дванаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 18 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 19 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+
20 На третиот ден: единаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 21 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано; 22 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.
23 На четвртиот ден: десет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 24 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 25 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица+ со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+
26 На петтиот ден: девет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 27 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 28 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+
29 На шестиот ден: осум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 30 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 31 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзините жртви налевници.+
32 На седмиот ден: седум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 33 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 34 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+
35 А на осмиот ден одржете свечен собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ 36 Како жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 37 нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунецот, за овенот и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 38 и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+
39 Тоа принесувајте му го на Јехова на своите годишни празници,+ покрај своите заветни жртви+ и доброволни жртви+ што ги принесувате како жртви паленици,+ житни жртви,+ жртви налевници+ и жртви на заедништвото‘ “.+ 40 И Мојсеј им пренесе на синовите на Израел сѐ што му заповеда Јехова.+