Езекиел
2 И ми рече: „Сине човечки,+ застани на нозе за да зборувам со тебе!“+ 2 И штом ми се обрати, духот влезе во мене+ и ме подигна на нозе за да го чујам оној што ми зборуваше.+
3 И ми рече: „Сине човечки, те праќам кај синовите на Израел,+ кај бунтовни народи што се побунија против мене.+ Тие и нивните татковци ми грешат до ден-денес.+ 4 Те испраќам кај синовите со дрско лице и со тврдо срце.+ Речи им го ова: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘. 5 Слушале+ тие или не+ — бидејќи се бунтовнички дом+ — ќе знаат дека меѓу нив имало пророк.+
6 А ти, сине човечки, не плаши се од нив+ и не плаши се од нивните зборови, ниту од закоравените луѓе,+ ниту од трњето што те боцкаат,+ ниту од скорпиите+ меѓу кои живееш! Не плаши се од нивните зборови+ и не плаши се од нивните лица,+ зашто се бунтовнички дом.+ 7 Кажи им ги моите зборови, слушале тие или не, зашто се бунтовници.+
8 А ти, сине човечки, слушај што ќе ти кажам! Не биди и ти бунтовен како овој бунтовнички дом!+ Отвори ја устата и изеди го тоа што ќе ти го дадам!“+
9 Погледнав, и видов рака испружена кон мене,+ а во неа свиток.+ 10 Тој го одвитка пред мене, а беше испишан и на предната и на задната страна,+ и во него беа напишани тажачки, редења и оплакувања.+