1. Царевите
11 А цар Соломон, освен фараоновата ќерка,+ сакаше и многу жени туѓинки:+ Моавки,+ Амонки,+ Едомки,+ Сидонки+ и Хетејки,+ 2 од народите за кои Јехова им рече на Израеловите синови: „Не одете кај нив+ и тие нека не доаѓаат кај вас. Тие сигурно ќе ги наведат вашите срца да се свртат кон нивните богови“.+ Кон нив Соломон се приклони+ и ги сакаше. 3 Имаше седумстотини жени, кнегињи, и триста наложници,* и неговите жени на крајот+ му го заведоа срцето. 4 И кога Соломон остаре,+ неговите жени му го наведоа+ срцето да се сврти кон други богови,+ и неговото срце повеќе не му беше потполно оддадено+ на Јехова, неговиот Бог, како што беше срцето на Давид, неговиот татко. 5 И Соломон тргна по Астарта,+ сидонската божица, и по Милхом,+ гнасниот амонски бог. 6 Соломон почна да го прави она што е зло+ во Јеховини очи и не го слушаше Јехова во сѐ како што го слушаше Давид, неговиот татко.+
7 Тогаш Соломон им изгради обредна височинка+ на Хемос,+ гнасниот+ моавски бог, на планината+ спроти+ Ерусалим, и на Молох, гнасниот бог на Амоновите синови. 8 Така направи за сите свои жени туѓинки,+ кои им гореа приноси и им принесуваа жртви на своите богови.+
9 И Јехова се разгневи+ на Соломон затоа што го одврати своето срце од Јехова, Богот на Израел,+ кој му се покажа двапати,+ 10 му заповеда да не оди по други богови,+ но тој не се држеше за тоа што му го заповеда Јехова. 11 Тогаш Јехова му рече на Соломон: „Затоа што го направи тоа и не се држеше за мојот сојуз, ниту за моите одредби што ти ги дадов, ќе го истргнам царството од тебе и ќе му го дадам на твојот слуга.+ 12 Но нема да го направам тоа додека си жив,+ заради Давид, твојот татко.+ Ќе го истргнам од раката на твојот син.+ 13 Но нема да му го истргнам целото царство.+ Едно племе ќе му дадам на твојот син, заради Давид, мојот слуга,+ и заради Ерусалим, кој го избрав“.+
14 И Јехова му подигна противник+ на Соломон,+ Едомецот Адад, од царскиот род во Едом.+ 15 Кога Давид го порази Едом,+ дојде Јоав, заповедникот на војската, да ги погребе убиените, па гледаше да ги погуби сите мажи во Едом.+ 16 Јоав и сиот Израел престојуваа таму шест месеци додека не ги истребија сите мажи во Едом. 17 Но Адад побегна со некои Едомци, слуги на неговиот татко, па отиде во Египет. Тогаш Адад уште беше мало дете. 18 Откако заминаа од Мадијам,+ дојдоа во Фаран. И зедоа со себе луѓе од Фаран+ и отидоа во Египет кај фараонот, египетскиот цар, кој му даде куќа. Му одреди и храна и му даде земја. 19 И Адад стекна толкава милост+ кај фараонот што тој му ја даде+ за жена сестрата на својата жена, сестрата на царицата Тахпенеса. 20 Сестрата на Тахпенеса му го роди синот Генуват, а Тахпенеса се погрижи детето да биде одгледано+ во фараоновиот дворец, така што Генуват остана на фараоновиот дворец меѓу фараоновите синови.
21 А кога Адад чу во Египет дека Давид починал кај своите прататковци+ и дека умрел Јоав,+ заповедникот на војската, Адад му рече на фараонот: „Пушти ме да отидам+ во својата земја!“ 22 Но фараонот му рече: „Што ти недостига кај мене, па сега сакаш да одиш во својата земја?“ А тој одговори: „Ништо, но пушти ме да одам!“
23 Бог му подигна на Соломон уште еден противник,+ Резон, синот на Елијад, кој избега од својот господар Адад-Езер,+ царот на Сова.+ 24 И тој собра луѓе околу себе и стана водач на разбојничка дружина во времето кога Давид ја погуби совската војска.+ Тогаш отидоа во Дамаск,+ се населија таму и почнаа да владеат во Дамаск. 25 Му беше противник на Израел во сите денови на Соломон,+ во истото време кога правеше зло и Адад. Сѐ додека владееше над Сирија, тој го мразеше+ Израел.
26 Тука беше и Јеровоам,+ синот на Нават, Соломонов слуга+ од Сарида, од племето на Ефрем, чија мајка се викаше Серуа и беше вдовица. И тој се побуни против царот.+ 27 А еве зошто се побуни против царот: Соломон го беше изградил Мило.+ Тој беше затворил дел од ѕидот во градот на Давид, својот татко.+ 28 А Јеровоам беше смел и силен човек.+ Кога виде дека младиот човек се труди во работата,+ Соломон го постави над+ сите од домот на Јосиф+ што беа одредени за работа.+ 29 Во тоа време Јеровоам отиде од Ерусалим и по патот го сретна пророкот Ахија+ од Сило,+ наметнат со нова наметка. Двајцата беа сами во полето. 30 Тогаш Ахија ја зеде новата наметка што ја носеше и ја раскина+ на дванаесет+ парчиња. 31 И му рече на Јеровоам:
„Земи за себе десет парчиња, зашто вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Еве, ќе го истргнам царството од раката на Соломон и десет племиња ќе ти дадам тебе.+ 32 Едно племе+ ќе му остане нему заради Давид, мојот слуга,+ и заради Ерусалим,+ градот што го избрав меѓу сите Израелови племиња. 33 Тоа е затоа што ме оставија+ и почнаа да им се клањаат на Астарта,+ сидонската божица, на Хемос,+ моавскиот бог, и на Милхом,+ богот на Амоновите синови. Не одеа по моите патишта, не го вршеа она што е исправно во мои очи и не се држеа за моите одредби и за моите закони како Давид, таткото на Соломон. 34 Но нема да му го земам од раката целото царство, туку ќе го оставам да биде поглавар во сите денови од својот живот, заради Давид, мојот слуга кого го избрав,+ зашто ги држеше моите заповеди и моите одредби. 35 Од раката на неговиот син ќе го земам царството, односно десет племиња, и ќе ти го дадам тебе.+ 36 А на неговиот син ќе му дадам едно племе за да има мојот слуга Давид секогаш светилка пред мене во Ерусалим,+ градот што си го избрав за да престојува во него моето име.+ 37 Тебе ќе те земам да владееш над сѐ што ќе ти посака душата,+ и ќе бидеш цар над Израел. 38 Ако послушаш сѐ што ќе ти заповедам и ако одиш по моите патишта и ако го правиш она што е исправно во мои очи, држејќи ги моите одредби и моите заповеди, како што го правеше тоа Давид, мојот слуга,+ јас ќе бидам со тебе+ и ќе ти изградам траен дом, како што му изградив на Давид,+ и ќе ти го дадам Израел. 39 Ќе ги понижам потомците на Давид поради нивните зли дела,+ но не засекогаш‘ “.+
40 Затоа Соломон сакаше да го погуби Јеровоам,+ но Јеровоам стана и побегна+ во Египет кај Сисак,+ египетскиот цар, и остана во Египет сѐ до смртта на Соломон.
41 А останатата историја на Соломон, сите негови дела и неговата мудрост, не е ли сето тоа запишано во книгата на Соломоновата историја? 42 Четириесет години Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел.+ 43 Потоа Соломон почина кај своите прататковци+ и беше погребан во градот на Давид,+ својот татко, а на негово место почна да владее неговиот син Ровоам.+