Евреите
9 А поранешниот сојуз имаше прописи за Божјата служба*+ и свое земно свето место.+ 2 Имено, беше направен шатор во чија прва просторија+ беа светилникот,+ масата+ и изложените лебови.+ Таа просторија се викаше „Светиња“.+ 3 А зад втората завеса+ во шаторот имаше просторија наречена „Светиња над светињите“.+ 4 Во неа имаше златна кадилница+ и ковчег на сојузот,+ целиот обложен со злато,+ во кој се наоѓаа златниот сад со мана+ и Ароновиот расцутен стап+ и плочите+ на сојузот. 5 А над него беа славните херувими,*+ кои го засенуваа помирителниот поклопец.+ Но сега не треба да се зборува детално за ова.
6 Откако сето ова е така направено, свештениците постојано влегуваат во првата просторија од шаторот+ за да ја вршат Божјата служба.*+ 7 А во втората просторија влегува само првосвештеникот еднаш годишно,+ и тоа не без крв,+ која ја принесува за себе+ и за гревовите на народот направени од незнаење.+ 8 Така светиот дух јасно покажува дека патот+ во светото место уште не беше отворен додека стоеше првиот шатор.+ 9 Тој шатор е слика+ за времето кое веќе дојде,+ и сѐ уште се принесуваат дарови и жртви.+ Но тие не можат совршено+ да ја исчистат совеста+ на оној што му ги принесува на Бог,* 10 туку се однесуваат само на јадења+ и пијалаци+ и на разни обредни чистења.*+ Тие одредби на Законот се однесуваа на она што е телесно+ и беа наметнати до времето одредено за да се доведе сѐ во ред.+
11 Но кога Христос дојде како првосвештеник+ кој ги овозможи благословите што дојдоа, помина преку поголемиот и посовршен шатор, кој не е направен со раце, односно не е од ова создание,+ 12 и еднаш засекогаш влезе во светото место, но не со крвта+ на јарци и јунци, туку со својата крв,+ и така ни прибави вечно избавување.+ 13 Зашто, ако крвта на јарци+ и јунци+ и пепелта+ од јуница ги посветуваат извалканите,+ кои се попрскани со неа, па телото им станува чисто,+ 14 колку повеќе крвта+ на Христос, кој преку вечниот дух самиот себеси неизвалкан му се принесе на Бог,+ ќе ја исчисти+ нашата совест од мртви дела+ за да му служиме* на живиот Бог?+
15 Затоа Христос е посредник+ на новиот сојуз, за оние што се повикани да го добијат ветувањето за вечното наследство,+ бидејќи тој умре за тие да бидат ослободени+ преку откупнина од престапите направени под поранешниот сојуз.+ 16 Зашто, таму каде што има сојуз+ со Бог, мора да настапи смртта на оној што посредувал во склучувањето на сојузот. 17 Имено, сојузот е полноважен дури по смртта, бидејќи тој не вреди додека е жив оној што посредувал во склучувањето на сојузот. 18 Според тоа, ни поранешниот сојуз+ не беше воспоставен без крв.+ 19 Зашто, кога Мојсеј на целиот народ му ги изговори сите заповеди од Законот,+ ја зеде крвта од јунците и од јарците со вода и со црвена волна и исоп+ и ги попрска и книгата и сиот народ, 20 велејќи: „Ова е крвта на сојузот со кој Бог ве обврза“.+ 21 Потоа ги попрска со крвта+ и шаторот+ и сите садови за службата. 22 Да, според Законот скоро сѐ се чисти со крв,+ и без пролевање крв+ нема простување.+
23 Затоа беше потребно земните слики+ на она што е на небото да се чистат на тој начин,+ а она што е на небото се чисти со подобри жртви од таквите жртви. 24 Зашто, Христос не влезе во свето место направено со раце,+ кое е претслика на она вистинското,+ туку во самото небо,+ за сега да се појави пред Божјето лице за нас.+ 25 И не влезе за да се принесува себеси многупати, како што првосвештеникот секоја година+ влегува во светото место+ со туѓа крв, 26 зашто инаку би требало многу пати да страда од настанувањето на светот.+ Но сега, на завршетокот на овој поредок,*+ се појави+ еднаш засекогаш+ за да го отстрани гревот со својата жртва.+ 27 И како што на луѓето им е определено+ еднаш да умрат, а потоа доаѓа суд,+ 28 така и Христос беше еднаш засекогаш+ принесен за да ги понесе гревовите на мнозина.+ А кога ќе се покаже+ по вторпат,+ тоа нема да биде за повторно да го отстрани гревот,+ а ќе го видат оние што желно го очекуваат за да добијат спасение.+