3. Мојсеева
9 На осмиот+ ден Мојсеј ги викна Арон, неговите синови и старешините на Израел 2 и му рече на Арон: „Земи за себе едно теле како жртва за грев+ и еден овен како жртва паленица,+ двете без недостаток, и донеси ги пред Јехова.+ 3 А на синовите на Израел речи им вака: ‚Како жртва за грев земете еден јарец,+ како жртва паленица — теле и млад овен,+ годиначиња без недостаток, 4 како жртва на заедништвото+ земете еден јунец и еден овен за да ги жртвувате пред Јехова, и житна жртва+ замесена со масло, зашто денес ќе ви се покаже Јехова‘ “.+
5 И тие го доведоа пред шаторот на средбата она што Мојсеј заповеда да го донесат. Потоа пристапи целата заедница и застана пред Јехова.+ 6 И Мојсеј рече: „Ова ви го заповеда Јехова да го направите за да ви се покаже Јеховината слава“.+ 7 Потоа Мојсеј му рече на Арон: „Приближи се до жртвеникот и принеси ја својата жртва за грев+ и својата жртва паленица, па изврши го обредот на очистување+ за себе и за својот дом. Тогаш принеси ја жртвата на народот+ и изврши го за него обредот на очистување,+ како што заповеда Јехова“.
8 И Арон веднаш пријде до жртвеникот и го закла телето што беше одредено за него како жртва за грев.+ 9 Потоа синовите на Арон му ја донесоа крвта+ и тој го натопи прстот во крвта+ и стави од неа на роговите од жртвеникот,+ а останатата крв ја излеа на подножјето од жртвеникот. 10 Лојот,+ бубрезите и кошулката од црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 11 Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.+
12 Потоа Арон ја закла жртвата паленица, а неговите синови му ја подадоа крвта, и тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 13 Му ја подадоа и жртвата паленица, исечена на парчиња, сосе главата, и тој го изгоре тоа на жртвеникот.+ 14 Понатаму, ги изми цревата и потколениците, па и нив ги изгоре на жртвеникот над жртвата паленица.+
15 Потоа ја принесе жртвата од народот.+ Го зеде јарецот што беше одреден за народот како жртва за грев, го закла и го принесе како жртва за грев, исто како претходната. 16 Тогаш ја донесе жртвата паленица и ја принесе според прописот.+
17 И ја принесе житната жртва,+ зеде од неа полн грст и ја изгоре на жртвеникот, иако веќе беше принесена утринската жртва паленица.+
18 Тогаш ги закла јунецот и овенот што беа одредени за народот како жртва на заедништвото.+ Потоа синовите на Арон му ја подадоа крвта, а тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 19 А мрсните делови+ од јунецот, мрсната опашка+ од овенот, наслојките од лој на цревата, бубрезите и кошулката од црниот дроб — 20 тие мрсни делови ги ставија врз градите,+ а потоа тие мрсни делови тој ги изгоре на жртвеникот. 21 А градите и десниот бут Арон ги заниша како нишана жртва+ пред Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.
22 Тогаш Арон ги крена рацете кон народот и го благослови.+ И откако ги принесе жртвата за грев, жртвата паленица и жртвата на заедништвото, слезе.+ 23 На крајот Мојсеј и Арон влегоа во шаторот на средбата, а кога излегоа, го благословија народот.+
Тогаш се покажа славата на Јехова+ пред целиот народ. 24 И излезе оган од Јехова+ и ги изгоре жртвата паленица и мрсните делови на жртвеникот. Кога го виде тоа, целиот народ почна да воскликнува+ и падна ничкум.