2. Мојсеева
6 А Јехова му рече на Мојсеј: „Сега ќе видиш што ќе му направам на фараонот.+ Принуден од силна рака ќе ги пушти, принуден од силна рака, ќе ги истера од својата земја“.+
2 Бог уште му рече на Мојсеј: „Јас сум Јехова.+ 3 На Авраам,+ на Исак+ и на Јаков+ им се појавував како Бог Семоќниот,+ но со своето име Јехова+ не им се објавив.+ 4 И склучив сојуз со нив дека ќе им ја дадам ханаанската земја, земјата во која беа дојденци.+ 5 И јас го чув офкањето на синовите на Израел,+ коишто Египќаните ги држат во ропство и се сетив на мојот сојуз.+
6 Затоа речи им на синовите на Израел: ‚Јас сум Јехова, и ќе ве ослободам од бремето што ви го наметнаа Египќаните и ќе ве избавам од ропството во кое ве држат.+ Ќе ве спасам со подигната рака и со строги казни.+ 7 Ќе ве земам за свој народ+ и ќе ви бидам Бог.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве ослободува од египетските бремиња.+ 8 И ќе ве доведам во земјата за која се заколнав+ со крената рака дека ќе им ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков, и ќе ви ја дадам да ја поседувате.+ Јас сум Јехова‘ “.+
9 Потоа Мојсеј им го кажа ова на синовите на Израел, но тие не сакаа да го слушаат зашто паднаа со духот од тешкото ропство.+
10 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 11 „Оди, речи му на фараонот, египетскиот цар,+ да ги пушти синовите на Израел да си одат од неговата земја!“+ 12 Но Мојсеј му рече на Јехова: „Еве, ниту синовите на Израел не ме слушаат,+ па како тогаш ќе ме послуша фараонот,+ кога јас тешко зборувам?“*+ 13 Но, Јехова и понатаму им зборуваше на Мојсеј и на Арон и преку нив им даваше заповеди на синовите на Израел и на фараонот, египетскиот цар, зашто сакаше да ги изведе синовите на Израел од египетската земја.+
14 Ова се поглаварите на нивните родови: синовите на Рувим, првородениот на Израел,+ се: Анох, Фалу, Есром и Харми.+ Тоа се семејствата на Рувим.+
15 Синовите на Симеон се: Јемуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на една Ханаанка.+ Тоа се семејствата на Симеон.+
16 А ова се имињата на синовите на Леви+ по нивните родови:+ Гирсон, Кат и Мерариј.+ Леви живееше сто триесет и седум години.
17 Синовите на Гирсон се: Ливниј и Симеј,+ по нивните семејства.+
18 Синовите на Кат се: Амрам, Исар, Хеврон и Узиел.+ Кат живееше сто триесет и три години.
19 Синовите на Мерариј се: Махли и Муси.+
Тоа се семејствата на Леви по нивните родови.+
20 Амрам се ожени со Јохаведа, сестра на татко му.+ И таа му ги роди Арон и Мојсеј.+ Амрам живееше сто триесет и седум години.
21 Синовите на Исахар се: Кореј,+ Нефег и Зихриј.
22 Синовите на Узиел се: Мисаил, Елисафан и Ситри.+
23 Арон се ожени со Елисева, ќерка на Аминадав, сестра на Насон.+ И таа му ги роди: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.+
24 Синовите на Кореј се: Асир, Елкана и Авијасаф.+ Тоа се семејствата на синовите на Кореј.+
25 Елеазар, синот на Арон,+ се ожени со една од ќерките на Футил. И таа му го роди Финес.+
Тоа се поглаварите на родови во Левиевото племе по нивните семејства.+
26 Тоа се оној Арон и оној Мојсеј на кои Јехова им рече:+ „Изведете ги синовите на Израел од египетската земја по нивните чети!“+ 27 Тие му зборуваа на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти синовите на Израел од Египет.+ Тоа се Мојсеј и Арон.
28 Во денот кога му зборуваше на Мојсеј во египетската земја,+ 29 Јехова му рече на Мојсеј: „Јас сум Јехова.+ Кажи му на фараонот, царот на Египет, сѐ што ќе ти речам“. 30 А Мојсеј рече пред Јехова: „Јас тешко зборувам, па како ќе ме послуша фараонот мене?“+