5. Мојсеева
32 „Чујте, небеса, што ќе зборувам!
Земјата нека ги чуе зборовите на мојата уста!+
2 Мојата поука ќе капе како дожд,+
моите зборови ќе паѓаат како роса,+
како ситен дождец по тревата,+
како обилен дожд по растенијата.+
4 Тој е Карпа, делото му е совршено,+
зашто сите негови патишта се правда.+
Тој е верен Бог,+ без неправда,+
праведен е и вистинољубив.+
6 Зар на Јехова му го правиш тоа,+
безумен народе што немаш мудрост?+
Не е ли тој Таткото кој те создаде,+
те направи и те утврди?+
7 Сети се на дамнешните денови,+
размислувај за годините на минатите поколенија.
Прашај го татко ти, и ќе ти каже,+
своите старци, и ќе ти раскажат!+
8 Кога им даде наследство на народите,+
кога ги раздели синовите на Адам,+
Севишниот им постави граница на народите+
според бројот на Израеловите синови.+
10 Го најде во пуста земја,+
во празна пустина, кај што се слуша завивање.+
Го загради,+ се грижеше за него,+
го чуваше како зеницата на своето око.+
11 Како што орелот ги подига орлињата од своето гнездо,
надлетува над своите пилиња,+
ги шири крилјата, ги зема
и ги носи на крилјата,+
12 така Јехова сам го водеше него,+
и туѓ бог немаше со него.+
13 Го изведе на земските височинки+
за да ги јаде полските плодови.+
Му даваше да цица мед од карпа,+
и масло од кремен карпа,+
со овнешки лој,
овни, од васански сој, и јарци+
со најдобрата пченица.+
И пиеше вино, крв од грозје.+
15 Кога се здебели, Есурун*+ почна да клоца.+
(Се згои, Есуруне, се здебели, се претвори во сало!) +
И го остави Богот кој го создаде,+
ја презре Карпата+ на своето спасение.
17 Жртви им принесуваа на демоните, а не на Бог,+
на богови што не ги познаваа,+
на нови богови што се појавија неодамна,+
за кои не знаеја вашите прататковци.
19 Кога го виде тоа, Јехова ги презре,+
зашто го разлутија неговите синови и неговите ќерки.
20 И рече: ‚Ќе го свртам лицето од нив,+
па ќе видам каков ќе им биде крајот.
Зашто, тие се поколение изопачено,+
синови во кои нема верност.+
21 Ми предизвикаа љубомора со она што не е бог,+
ме разлутија со ништожни идоли.+
И јас ќе им предизвикам љубомора со она што не е народ,+
со безумен народ ќе ги навредувам.+
22 Зашто, мојот гнев пламна како оган,+
и ќе гори до гробот,* до најдлабокото место,+
ќе ги голтне земјата и нејзиниот род,+
ќе ги запали темелите на планините.+
24 Ќе бидат исцрпени од глад,+ ќе ги проголта силна треска+
и страшна чума.+
Против нив ќе испратам ѕверски заби,+
со отров на влекачи што лазат по правот.+
27 но се плашев од исмејувањето на непријателот,+
за да не го протолкуваат тоа погрешно нивните противници+
и да не речат: „Нашата рака е најмоќна,+
сето ова не го направи Јехова“.+
30 Како ќе можеше еден да гони илјада
и двајца да потераат десет илјади,+
ако не ги продадеше нивната Карпа,
ако не ги предадеше Јехова?+
Нивното грозје е отровно грозје,
нивните гроздови се горчливи.+
33 Нивното вино е отров на голема змија,
страшен отров на кобра.+
34 Зар не е сето тоа складирано кај мене,
запечатено во моите ризници?+
35 Мои се одмаздата и казната.+
Ќе дојде време да им се затетерави ногата,+
зашто близу е денот на нивната пропаст,+
и брзо се приближува она што се подготвува‘.+
36 Зашто, Јехова ќе му суди на својот народ+
и ќе се сожали на своите слуги+
кога ќе види дека ја снема нивната сила
и дека останаа само беспомошните и безвредните.
37 И ќе рече: ‚Каде се нивните богови,+
карпата во која бараа заштита,+
38 оние што ја јадеа маста од нивните жртви+
и го пиеја виното од нивните налевници?+
Нека станат и нека ви помогнат!+
Нека ви бидат засолниште!+
39 Сега гледате дека јас сум Бог+
и нема други богови освен мене.+
Јас усмртувам и оживувам.+
Јас задавам тешка рана+ и јас ќе ја излекувам,+
и никој не може да се истргне од мојата рака.+
41 кога ќе го наострам својот блескав меч+
и кога ќе го земам в рака судот,+
ќе им се одмаздам на своите противници+
и ќе им наплатам на оние што многу ме мразат.+
42 Своите стрели ќе ги опијам со крв,+
со крвта на погубените и на заробените.
Мојот меч ќе јаде месо,+
главите на непријателските водачи‘.+
43 Веселете се, народи, со неговиот народ,*+
зашто ќе ја одмазди крвта на своите слуги,+
ќе изврши одмазда над своите противници+
и очистување за земјата на својот народ“.
44 Така, Мојсеј дојде со Осиј,* синот на Навин,+ и ги изрече сите зборови на оваа песна, за народот да го чуе.+ 45 Откако му ги кажа сите овие зборови на Израел, Мојсеј 46 им рече на сите: „Всадете ги во срцето сите зборови со кои ве опоменувам денес+ за да им заповедате на своите синови да внимаваат и да ги извршуваат сите зборови на овој закон.+ 47 Зашто, за вас ова не се празни зборови,+ туку за вас значат живот,+ и држејќи ги овие зборови ќе ги продолжите своите денови во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+
48 На истиот тој ден Јехова му рече на Мојсеј: 49 „Качи се на оваа аваримска планина,+ на планината Нево,+ која е во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја ханаанската земја, која им ја давам на Израеловите синови во сопственост.+ 50 Ти ќе умреш на планината на која ќе се качиш и ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што умре и брат ти Арон на планината Хор+ и им се придружи на своите прататковци. 51 Затоа што ме изневеривте+ меѓу синовите на Израел кај водите на Мерива+ во Кадис, во пустината Зин, и затоа што не ме посветивте меѓу Израеловите синови.+ 52 Затоа ќе ја видиш земјата оддалеку, но нема да влезеш во земјата што им ја давам на Израеловите синови“.+