2. Летописи
30 Езекија им порача на целиот Израел+ и Јуда, дури им напиша и писма на племињата на Ефрем+ и Манасија,+ да дојдат во Јеховиниот дом+ во Ерусалим за да ја прослават Пасхата+ во чест на Јехова, Богот на Израел. 2 Царот и неговите кнезови+ и целата заедница+ во Ерусалим решија да ја прослават Пасхата во вториот месец.+ 3 Не можеа да ја прослават во вистинското време+ зашто немаше доволно свештеници+ што беа посветени, а и народот не се беше собрал во Ерусалим. 4 Тоа беше исправно во очите на царот и во очите на целата заедница.+ 5 И одлучија да разгласат+ по цел Израел, од Вирсавеја+ до Дан,+ за сите да дојдат и да ја прослават Пасхата во Ерусалим, во чест на Јехова, Богот на Израел, зашто не се беа собирале како народ за да ја слават+ како што беше пропишано.+
6 Така гласниците+ со писма од царот и од неговите кнезови+ отидоа по целиот Израел и Јуда, објавувајќи на заповед на царот: „Синови на Израел, вратете му се+ на Јехова, Богот+ на Авраам, на Исак и на Израел, па и тој ќе ви се врати вам што останавте+ и се избавивте од рацете на асирските цареви.+ 7 Немојте да бидете како вашите прататковци+ и како вашите браќа, кои му беа неверни на Јехова, Богот на своите прататковци, така што тој од нив направи глетка над која сите се згрозуваат,+ како што гледате и самите. 8 Немојте да бидете непокорни*+ како што беа вашите прататковци. Подложете му се на Јехова+ и дојдете во неговото светилиште,+ кое тој го посвети+ за навек, и служете му+ на Јехова, својот Бог, за да се одврати од вас неговиот распламтен гнев.+ 9 Зашто, кога ќе му се вратите+ на Јехова, вашите браќа и вашите синови ќе најдат милост+ кај оние што ги држат во заробеништво, па ќе се вратат во оваа земја,+ зашто Јехова, вашиот Бог, е милостив+ и милосрден,+ и нема да го сврти своето лице од вас ако му се вратите“.+
10 И гласниците+ одеа од град во град по целата земја на Ефрем+ и на Манасија дури до Завулон, но луѓето им се потсмеваа и се подбиваа со нив.+ 11 Само некои+ од Асер, од Манасија и од Завулон се понизија+ и дојдоа во Ерусалим. 12 Раката на вистинскиот Бог беше над Јуда и ги водеше за да ја извршат еднодушно+ заповедта+ на царот и на кнезовите за Јеховината служба.+
13 И во Ерусалим се собра многу народ,+ многубројна заедница, за да го прослават Празникот+ на бесквасните лебови во вториот месец.+ 14 Потоа станаа и ги отстранија жртвениците+ што беа во Ерусалим, ги отстранија и сите кадилни жртвеници+ и ги фрлија во долината на Кедрон.+ 15 Потоа, на четиринаесеттиот ден од вториот месец, ја заклаа пасхалната жртва.+ А свештениците и левитите се засрамија, па се посветија+ и почнаа да ги внесуваат жртвите паленици во Јеховиниот дом. 16 И застанаа на своето место,+ како што е пропишано во законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците+ го попрскуваа жртвеникот со крвта што ја примаа од рацете на левитите. 17 Во заедницата имаше многу од оние што не се посветија, па левитите+ беа задолжени да колат пасхални жртви+ наместо сите оние што не беа чисти, за да ги посветат за Јехова. 18 Голем дел од народот, мнозина од Ефрем,+ од Манасија,+ од Исахар и од Завулон,+ не се исчистија,+ па не ја јадеа пасхалната жртва како што беше пропишано.+ Но Езекија се молеше за нив:+ „Добриот+ Јехова нека му прости 19 секому кој го подготвил своето срце+ да го бара вистинскиот Бог Јехова, Богот на своите прататковци, дури и ако не се исчистил како што се бара за светите работи!“+ 20 И Јехова го послуша Езекија и му прости на народот.+
21 Така синовите на Израел што беа во Ерусалим го славеа Празникот+ на бесквасните лебови седум дена со голема веселба.+ Левитите+ и свештениците+ го фалеа Јехова секој ден со гласните звуци на инструментите, на слава на Јехова.+ 22 И Езекија ги храбреше* сите левити, кои разборито ја вршеа Јеховината служба.+ Седум дена сите го јадеа она што беше пропишано за празникот,+ принесувајќи жртви на заедништвото+ и признавајќи му ги своите гревови+ на Јехова, Богот на своите прататковци.
23 Потоа целата заедница реши+ да слави уште седум дена,+ така што уште седум дена го славеа празникот со веселба. 24 Езекија, царот на Јуда, ѝ подари+ на заедницата илјада јунци и седум илјади овци, а кнезовите+ ѝ подарија на заедницата илјада јунци и десет илјади овци. И се посветија многу свештеници.+ 25 Така се веселеше+ целата заедница на Јуда,+ свештениците и левитите,+ целата заедница што дојде од Израел,+ дојденците+ што дојдоа од израелската земја+ и оние што живееја во Јуда. 26 Во Ерусалим владееше голема веселба, зашто уште од времето на Соломон,+ Давидовиот син, царот на Израел, не беше така во Ерусалим.+ 27 На крајот станаа левитските свештеници и го благословија+ народот. Нивниот глас беше услишен и нивната молитва допре до неговото свето живеалиште, до небото.+