1. Коринќаните
8 А што се однесува до храната жртвувана на идоли,+ знаеме дека за тоа сите имаме знаење.+ Но знаењето го прави човек надуен, а љубовта изградува.+ 2 Ако некој мисли дека знае нешто,+ уште не го знае тоа како што би требало да го знае.+ 3 Но, ако некој го сака Бог,+ него Бог го познава.+
4 А што се однесува до јадењето+ храна жртвувана на идоли, знаеме дека идолот, всушност, не е ништо+ и дека постои само еден Бог.+ 5 Имено, иако има такви што се нарекуваат „богови“,+ било на небото+ било на земјата,+ зашто има многу „богови“ и многу „господари“,+ 6 за нас постои еден Бог,+ Таткото,+ кој создал сѐ и за кого ние живееме,+ и еден Господар,*+ Исус Христос,+ преку кого сѐ е создадено+ и преку кого ние живееме.
7 Но тоа не го знаат сите.+ Некои, кои досега беа навикнати на идоли, јадат храна како да е жртва на идолите,+ па така ја валкаат својата совест, бидејќи е слаба.+ 8 Но храната нема да нѐ приближи до Бог+ — ниту нешто губиме ако не јадеме, ниту нешто добиваме ако јадеме.+ 9 Туку, внимавајте ова ваше право да не стане камен за спрепнување на слабите.+ 10 Зашто, ако некој што е слаб те види тебе, кој имаш знаење, на трпеза* во идолски храм,* нема ли неговата совест да се осмели да јаде храна жртвувана на идоли?+ 11 Така, поради твоето знаење, пропаѓа оној што е слаб, твојот брат за кого Христос умре.+ 12 А кога така грешите против своите браќа и ја ранувате нивната слаба совест,+ грешите против Христос. 13 Затоа, ако храната го наведува мојот брат да се спрепне,+ никогаш повеќе нема да јадам месо, за да не се спрепне мојот брат поради мене.+