1. Летописи
28 Давид ги собра во Ерусалим сите кнезови+ на Израел, племенските кнезови,+ заповедниците на групите+ од оние што му служеа на царот, илјаданачалниците,+ стотниците,+ оние што го надгледуваа целиот имот+ и стоката+ на царот и на неговите синови,+ заедно со дворјаните+ и со јунаците,+ сите храбри луѓе. 2 Тогаш цар Давид стана и рече:
„Чујте ме, браќа мои и народе мој! Во своето срце посакав+ да изградам дом во кој ќе почива ковчегот на Јеховиниот сојуз и кој ќе му биде подножје за нозете+ на нашиот Бог, па го подготвив она што е потребно за градење.+ 3 Но вистинскиот Бог ми рече: ‚Ти нема да му изградиш дом на моето име+ зашто си воин и пролеваше крв‘.+ 4 Јехова, Богот на Израел, ме избра мене од целиот дом на мојот татко+ за да бидам цар+ на Израел довека. Зашто, за водач го избра Јуда,+ и од домот на Јуда го избра мојот татко,+ а од синовите на мојот татко+ му беше по волја да ме постави мене за цар+ на целиот Израел. 5 А од сите мои синови — зашто Јехова ми даде многу синови+ — го избра мојот син Соломон+ да седи на престолот+ на Јеховиното царство над Израел.
6 И ми рече: ‚Твојот син Соломон ќе ги изгради мојот дом+ и моите дворови, зашто него го избрав да ми биде син,+ а јас ќе му бидам татко.+ 7 Ќе го утврдам неговото царство+ за навек ако решително ги извршува моите заповеди+ и ако ги држи моите закони+ како денес‘. 8 Сега, значи, пред очите на целиот Израел, пред Јеховината заедница,+ пред нашиот Бог кој нѐ слуша,+ ви велам: гледајте да ги држите сите заповеди на Јехова, својот Бог, за да ја задржите во сопственост оваа добра земја+ и да им ја оставите во наследство на своите синови по себе за навек.
9 А ти, сине мој Соломоне, запознај го+ Богот на својот татко и служи му+ со потполно оддадено срце+ и со радосна душа,+ зашто Јехова ги испитува сите срца+ и ја распознава секоја помисла и желба.+ Ако го бараш, ќе ти дозволи да го најдеш.+ Но, ако го оставиш,+ ќе те отфрли засекогаш.+ 10 Знај сега дека Јехова те избрал да изградиш дом кој ќе биде светилиште. Биди храбар и почни да градиш!“+
11 Давид му го даде на својот син Соломон планот+ на предворјето,+ на просториите во храмот, на складиштата,+ на горните соби,+ на просторијата за помирителниот поклопец,+ 12 и планот на сѐ друго за кое доби упатства под вдахновение:+ за дворовите+ на Јеховиниот дом и за сите трпезарии+ наоколу, за ризниците на домот на вистинскиот Бог и за ризниците за посветени работи.+ 13 Му даде упатства за свештеничките и за левитските групи,+ за сета работа во службата во Јеховиниот дом и за целиот прибор за служба во Јеховиниот дом. 14 Ја одреди количината злато потребно за сиот златен прибор за вршење на различните служби, и количината сребро за сиот сребрен прибор, за сиот прибор+ за вршење на различните служби. 15 Ја одреди тежината на златото за златните светилници+ и на нивните светилки, според тежината на секој светилник и на неговите светилки, исто така и тежината на сребрените светилници, според тежината на секој светилник и на неговите светилки и според намената на секој светилник. 16 Ја одреди количината злато за масите на кои ќе стојат наредените лебови,+ за секоја маса, и количината сребро за сребрените маси, 17 и количината чисто злато за виљушките, за чиниите,+ за бокалите, за златните чиничиња,+ според тежината на секое чиниче, и сребро за чиничињата, според тежината на секое чиниче, 18 количината чисто злато за кадилниот жртвеник+ и за златните херувими*+ што ја претставуваат колата,+ кои со раширени крилја ќе го засолнуваат ковчегот на Јеховиниот сојуз. 19 И Давид рече: „Јехова ми дозволи да го разберам сето она што е запишано+ со неговата рака, која беше на мене, сѐ што треба да се изработи според планот“.+
20 И Давид му рече на својот син Соломон: „Биди храбар+ и силен и почни да градиш! Не бој се+ и не плаши се,+ зашто со тебе е Јехова Бог,+ мојот Бог! Тој нема да те напушти+ и нема да те остави додека не се заврши сета работа за службата во Јеховиниот дом. 21 Тука се групите свештеници+ и левити,+ кои ќе ја извршуваат целата служба во домот на вистинскиот Бог. За сета работа имаш покрај себе подготвени+ луѓе кои се вешти за секоја работа,+ а тука се и кнезовите+ и сиот народ, кои ќе ја извршат секоја твоја заповед“.