4. Мојсеева
10 Јехова му рече на Мојсеј: 2 „Направи си две сребрени труби.+ Направи ги од ковано сребро. Нека ти служат за да ја свикуваш+ заедницата и за да објавуваш тргнување. 3 Кога ќе затрубите во двете, целата заедница нека се собере кај тебе на влезот во шаторот на средбата.+ 4 Ако затрубите само во една, поглаварите што се поставени над илјадниците на Израел нека се соберат кај тебе.+
5 Кога ќе затрубите така што трубата ќе се огласи со променлив звук, нека тргнат таборите што се сместени на источната страна.+ 6 Кога ќе затрубите по вторпат така што трубата ќе се огласи со променлив звук, нека тргнат таборите што се сместени на јужната страна.+ Така нека затрубат секојпат кога треба да тргне една група.
7 Трубете и кога ја свикувате заедницата,*+ но тоа нека не биде променлив звук. 8 Синовите на Арон, свештениците, нека трубат во трубите.+ Тоа нека ви биде трајна одредба од поколение до поколение.
9 Ако во својата земја тргнете во војна против угнетувачот што ве угнетува,+ вашите труби нека огласат воен повик,+ и Јехова, вашиот Бог, ќе се сети на вас и ќе ве избави од вашите непријатели.+
10 На денот на вашата веселба,+ на вашите празници+ и на почетокот од вашите месеци,+ трубете во трубите над своите жртви паленици+ и над жртвите на заедништвото.+ Тоа нека биде спомен за вас пред вашиот Бог. Јас сум Јехова, вашиот Бог“.+
11 Во втората година, на вториот месец, на дваесеттиот ден од тој месец,+ облакот се крена од шаторот+ на Сведоштвото. 12 Тогаш синовите на Израел тргнаа по својот ред+ од Синајската Пустина и патуваа сѐ додека облакот не застана во пустината Фаран.+ 13 Така тргнаа за првпат, според заповедта што ја даде Јехова преку Мојсеј.+
14 Прва тргна триплеменската група од синовите на Јуда по своите чети,+ а над нивната војска беше Насон,+ синот на Аминадав. 15 Над војската од племето на синовите на Исахар беше Нетанел,+ синот на Суар. 16 А над војската од племето на синовите на Завулон беше Елијав, синот на Хелон.+
17 Откако беше расклопен шаторот,+ синовите на Гирсон+ и синовите на Мерариј+ тргнаа носејќи го шаторот.
18 Потоа тргна триплеменската група од таборот на Рувим+ по своите чети, а над нивната војска беше Елисур,+ синот на Седиур. 19 Над војската од племето на синовите на Симеон+ беше Селумил,+ синот на Сурисадај. 20 А над војската од племето на синовите на Гад беше Елисаф,+ синот на Деуел.
21 Потоа тргнаа синовите на Кат носејќи ги посветените работи од светилиштето,+ а до нивното доаѓање шаторот веќе беше подигнат.
22 Потоа тргна триплеменската група од таборот на синовите на Ефрем+ по своите чети, а над нивната војска беше Елисама,+ синот на Амиуд. 23 Над војската од племето на синовите на Манасија+ беше Гамалиил,+ синот на Фадасур. 24 А над војската од племето на синовите на Венијамин+ беше Авидан,+ синот на Гедеони.
25 Триплеменската група од синовите на Дан+ тргна по своите чети како заштитна стража+ на сите табори, а над нивната војска беше Ахиезер,+ синот на Амисадај. 26 Над војската од племето на синовите на Асер+ беше Фагаил,+ синот на Ехран. 27 А над војската од племето на синовите на Нефталим+ беше Ахиреј,+ синот на Енан. 28 По тој ред заминуваа синовите на Израел по своите чети кога тргнуваа на пат.+
29 И Мојсеј му рече на Овав, синот на Мадијамецот Рагуил,+ тестот на Мојсеј: „Се упативме во крај за кој Јехова рече: ‚Вам ќе ви го дадам‘.+ Појди со нас и ќе ти направиме добро,+ зашто Јехова му вети добро на Израел“.+ 30 Но тој му одговори: „Нема да одам со вас, туку ќе се вратам во својата земја,+ кај својот род“. 31 Тогаш Мојсеј рече: „Те молам, не оставај нѐ, зашто ти знаеш каде во пустината можеме да се улогориме, па ќе ни бидеш како очи. 32 Ако појдеш со нас,+ како што Јехова ќе ни прави добро нам, знај оти така и ние ќе ти правиме добро тебе“.
33 Така заминаа од Јеховината гора+ на три дена одење, а ковчегот на Јеховиниот сојуз+ одеше пред нив на три дена одење за да им побара место каде што ќе се одморат.+ 34 И Јеховиниот облак+ беше над нив дење, кога поаѓаа од логорот.
35 Кога ќе тргнеше ковчегот, Мојсеј ќе речеше: „Стани, Јехова! Нека се расеат твоите непријатели+ и нека побегнат од пред тебе оние што многу те мразат!“+ 36 А кога ќе застанеше, ќе речеше: „Врати се, Јехова, кај неброените илјади Израелови!“+