Еремија
5 Поминете по ерусалимските улици и погледнете, распрашајте се и побарајте по неговите плоштади дали има човек,+ дали има барем еден што го врши она што е праведно+ и е верен,+ па ќе му простам на овој град! 2 Дури и ако кажат: „Како што е жив Јехова!“ — лажно се заколнуваат.+
3 Јехова, зарем не се твоите очи свртени кон верноста?+ Ги удираш,+ но нив не ги боли.+ Ги истребуваш,+ а тие ја одбиваат поуката.+ Лицето им станало потврдо од камен.+ Не сакаат да се вратат од своите зли патишта.+ 4 А јас реков: „Навистина се неук народ. Безумно постапуваат, зашто не обрнуваат внимание на Јеховиниот пат, на правдата на својот Бог.+ 5 Ќе појдам кај големците и ним ќе им зборувам,+ зашто тие сигурно внимаваат на Јеховиниот пат, на правдата на својот Бог.+ Но сите тие го скршија јаремот, ги раскинаа оковите“.+
6 Затоа ги напаѓа лав од шумата, волк од пустелијата пустоши меѓу нив,+ леопард демне пред нивните градови.+ Кој ќе излезе од нив, ќе биде растргнат. Зашто, нивните престапи се многубројни, бројни се нивните неверни дела.+
7 Како да ти простам? Твоите синови ме оставија и се заколнуваат+ во она што не е Бог.+ Јас ги наситував,+ а тие и понатаму вршат прељуба+ и итаат кон куќата на блудницата. 8 Станаа како коњи распалени за парење, со силни семеници. Секој ’ржи на жената на својот ближен.+
9 „Нема ли да побарам сметка за тоа?“ — вели Јехова.+ „Нема ли мојата душа да му се одмазди на народот што е таков?“+
10 „Качете се меѓу редовите со лози и пустошете,+ но немојте да уништите до крај!+ Отстранете ги нејзините ластари, зашто тие не се Јеховини!+ 11 Оти, домот Израелов и домот на Јуда навистина ме изневерија“, вели Јехова.+ 12 „Се одрекоа од Јехова и велат: ‚Го нема.+ Никаква неволја нема да нѐ снајде, нема да видиме ни меч ни глад‘.+ 13 Пророците станаа како ветар, Божјите зборови не се во нив.+ Како што зборуваат, така и ќе им се случи.“
14 Затоа вака вели Јехова, Богот над војските: „Затоа што зборуваат така, моите зборови во твојата уста ќе ги претворам во оган,+ а овој народ ќе биде дрва, па огнот ќе ги проголта“.+
15 „Еве, доведувам против вас народ од далеку,+ доме Израелов“, вели Јехова. „Тоа е народ кој долго постои.+ Тоа е древен народ, народ чиј јазик не го знаеш и не разбираш што зборува. 16 Нивниот тул е како отворен гроб. Сите тие се јунак до јунак.+ 17 Ќе ја проголтаат твојата жетва и твојот леб.+ Ќе ги проголтаат твоите синови и твоите ќерки. Ќе ги проголтаат твоите овци и твоите говеда. Ќе ја проголтаат твојата лоза и твојата смоква.+ Со меч ќе ги опустошат твоите утврдени градови на кои се надеваш.“
18 „Но ни тогаш“, вели Јехова, „нема да ве истребам.+ 19 Ќе велите: ‚Зошто Јехова, нашиот Бог, ни го направи сето ова?‘+ А ти ќе им речеш: ‚Како што ме оставивте мене и отидовте да му служите на туѓ бог во својата земја, така ќе им служите на туѓинци во земја што не е ваша‘.“+
20 Објавете го ова во домот на Јаков, разгласете го во Јуда: 21 „Чуј го ова, народе неразумен, кој има неразборито срце,+ и има очи, а не гледа,+ и има уши, а не слуша!+ 22 ‚Зар не се плашите од мене‘,+ вели Јехова, ,зар не ве обземаат болки поради мене,+ кој на морето му го постави морскиот песок за меѓа, за вечна граница што не може да ја премине? Иако неговите бранови се креваат високо, тие се немоќни, иако бучат, не можат да ја преминат.+ 23 Но овој народ има тврдокорно и бунтовно срце. Застранија и одат по свој пат.+ 24 Не си рекоа во срцето: „Се боиме од Јехова, својот Бог,+ оној што дава дожд, дожд есенски и пролетен во право време,+ оној што ни ги чува седмиците одредени за жетва“.+ 25 Вашите престапи го нарушија сето тоа, вашите гревови ви го скратуваат она што е добро.+
26 Зашто, во мојот народ има злобни луѓе.+ Тие демнат како што птичарите клечат притаено.+ Погубни стапици поставуваат, луѓе фаќаат. 27 Како што е кафезот полн со птици, така се нивните куќи полни со измама.+ Затоа станаа големи и се збогатија.+ 28 Се здебелија,+ кожата им свети. Потонаа во зло. Не решаваат парници,+ дури ни парниците на деца без татко,+ за да имаат корист од тоа.+ Не ја бранат правдата на сиромасите‘ “.
29 „Нема ли од тебе да побарам сметка за тоа“, вели Јехова, „и нема ли мојата душа да му се одмазди на народот што е таков?+ 30 Стравотии, грозотии се случуваат во земјата:+ 31 пророците прорекуваат лажно,+ а свештениците го угнетуваат народот, користејќи ја својата власт.+ А мојот народ го сака тоа.+ Но што ќе направите кога ќе му дојде крајот?“+