Псалми
ВТОРА КНИГА
(Псалми 42 — 72)
На управителот. Маскил* за синовите на Кореј.+
4 Душата во мене гине+ кога ќе се сетам како одев со мноштвото
и чекорев полека пред него во Божјиот дом,+
со извици на радост и благодарење,+
со извици на мноштво што празнува.+
5 Зошто си очајна, душо моја,+
зошто си немирна во мене?+
Чекај го Бог,+
зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител.+
6 Боже мој, мојата душа е очајна во мене.+
Затоа се сеќавам на тебе,+
од јорданската земја и од врвовите на Хермон,+
од малата планина.+
7 Водна бездна на водна бездна ѝ довикува
со шумот на твоите водопади.
Сите разбеснети води и твоите бранови+
поминаа преку мене.+
8 Дење Јехова ќе ја испраќа својата милост,*+
а јас ќе пеам за него ноќе+
и ќе му се молам на Бог, кој ми дава живот.+