Песна за искачување.
126 Кога Јехова ги враќаше сионските заробеници,+
бевме како во сон.+
2 Тогаш устата ни беше полна со смеа,+
а јазикот ни беше полн со радосни восклици.+
Тогаш се зборуваше меѓу народите:+
„Големо дело направи Јехова за нив!“+
3 Големо дело направи Јехова за нас.+
Затоа бевме радосни.+
4 Врати ги, Јехова, нашите заробеници на она што го имаа,+
како потоците на Негев!+
5 Оние што сеат со солзи,+
ќе жнеат со радосен восклик.+
6 Оној што заминува и плаче,+
носејќи вреќа семе,+
ќе дојде и радосно ќе воскликнува,+
носејќи ги своите снопови.+