Еремија
47 Ова е речта што Јехова му ја кажа на пророкот Еремија за Филистејците,+ пред фараонот да ја освои Газа.+ 2 Вака рече Јехова:
„Еве, надоаѓаат води+ од север+ и се претвораат во голем порој. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е на неа, градот и оние што живеат во него.+ И луѓето ќе викаат, и ќе плачат горко сите што живеат во земјата.+ 3 Од топотот на копитата на неговите пастуви,+ од тропањето на неговите бојни коли+ и од татнежот на тркалата,+ на татковците нема да им е грижа за синовите, бидејќи нивните раце ќе изгубат сила, 4 поради денот што доаѓа за да ги истреби сите Филистејци,+ да ги сотре сите што им помагаат+ на Тир+ и на Сидон.+ Зашто, Јехова ги истребува Филистејците+ — остатокот од островот Кафтор.+ 5 На Газа+ ќе ѝ биде избричена главата.+ Аскалон+ ќе биде разорен.* О вие што сте остаток од нивната долина, до кога ќе се сечете по телото?+
6 О мечу Јеховин!+ Кога ќе се смириш? Врати се во својата ножница!+ Застани и остани мирен!
7 Како да се смири кога Јехова му заповеда да ги нападне Аскалон и морскиот брег?+ Му одреди да појде таму“.