Изреки
29 Човекот кој е повеќе пати укоруван,+ но останува тврдоглав,*+ одеднаш ќе се скрши, и ќе му нема лек.+
2 Кога се множат праведниците, народот се радува,+ а кога владее злиот, народот воздивнува.+
3 Човекот што ја сака мудроста, го радува татка си,+ а оној што се дружи со блудници, уништува сѐ што е вредно.+
4 Со правдата на царот земјата стои,+ а подмитливиот човек ја руши.+
5 Човек кој му ласка на ближниот свој,+ му распнува мрежа за нозете.+
6 Во гревот на злиот човек лежи замка,+ а праведникот радосно извикува и се весели.+
7 Праведникот ги разбира правата на бедните.+ Оној што е зол, не сака да знае ништо за тоа.+
8 Луѓе што зборуваат вообразено, потпалуваат град,+ а мудрите го стивнуваат гневот.+
9 Кога мудар човек ќе влезе во спор со безумник, безумникот се лути и се смее, а мудриот нема мир.+
10 Крвожедните луѓе ги мразат беспрекорните,*+ а справедливите се грижат за душата на секој од нив.+
11 Безумникот го излева сиот свој гнев,* а оној што е мудар, останува мирен до крајот.+
12 Кога владетелот слуша лажни зборови, сите што го послужуваат стануваат зли.+
13 Сиромавиот и угнетувачот се среќаваат еден со друг,+ а Јехова им ги просветлува очите на двајцата.+
14 Кога царот им суди на бедните според вистината,+ неговиот престол ќе се утврди за сите времиња.+
15 Прачката и укорот даваат мудрост,+ а дете распуштено ја срамоти мајка си.+
16 Кога се множат злите, се умножуваат престапите, но праведниците ќе ја гледаат нивната пропаст.+
17 Казни го синот свој, и тој ќе ти донесе мир тебе и големо задоволство на душата твоја.+
18 Кога нема Божји објави, народот се разуздува,+ а среќни се оние што се држат за законот.+
19 Само од зборови слугата не се поправа,+ зашто, иако ги разбира, не обрнува внимание на нив.+
20 Дали си видел човек брз на зборови?+ Повеќе надеж има за безумникот отколку за него.+
21 Ако некој го разгалува својот слуга од неговата младост, тој подоцна ќе стане неблагодарен.
22 Човек што е склон кон гнев, предизвикува караница,+ и избувливиот човек прави многу престапи.+
23 Вообразеноста го понижува човекот,+ а оној што е понизен* се здобива со чест.+
24 Кој ќе се здружи со крадец, ја мрази душата своја.+ Слуша клетви, но ништо не кажува.+
25 Кој се тресе од страв од човек, си поставува замка,+ а кој се надева на Јехова, ќе биде заштитен.+
26 Мнозина го бараат лицето на владетелот,+ но Јехова е тој што му суди на човекот.+
27 Неправедниот човек им е одвратен на праведниците,+ а оној што е справедлив на својот пат му е одвратен на злиот.+