2. Мојсеева
30 Направи жртвеник за палење темјан,+ направи го од дрвото акација. 2 Нека биде долг еден лакот и широк еден лакот, четириаголен, а висок два лакта. Од него нека излегуваат рогови.+ 3 Обложи го со чисто злато: горната површина, страните наоколу и роговите. Околу работ направи му венец од злато.+ 4 Направи му по два прстена од злато. Прицврсти ги под венецот на двете страни, на двете спротивни страни, и низ нив нека се провлечат лостовите со коишто ќе се носи.+ 5 Лостовите направи ги од дрвото акација и обложи ги со злато.+ 6 Постави го пред завесата што го засолнува ковчегот на сведоштвото,+ пред поклопецот што е над Сведоштвото, каде што ќе се среќавам со тебе.+
7 Арон нека пали на него мирислив темјан.+ Нека го пали секое утро кога ги подготвува светилките.+ 8 А кога Арон ги пали светилките приквечер,* нека го пали и него. Тоа нека биде темјан што постојано ќе се пали пред Јехова низ вашите идни поколенија. 9 Не принесувајте на него недозволен темјан,+ ниту жртви паленици, ниту житна жртва, и не излевајте врз него жртви налевници. 10 Еднаш во годината Арон нека го изврши на неговите рогови обредот на очистување.+ Со крвта на жртвата за грев,+ која се принесува за очистување, нека го врши обредот на очистување еднаш во годината. Тоа нека се прави низ вашите идни поколенија. Тој жртвеник е нешто најсвето пред Јехова“.
11 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 12 „Кога ќе ги пребројуваш и ќе ги попишуваш синовите на Израел,+ секој, кога ќе биде попишан, нека му даде на Јехова откупнина за својата душа+ за да не го снајде некаква неволја при попишувањето.+ 13 Секој што ќе биде попишан нека даде по половина сикел, според светиот сикел.*+ Дваесет гери* се еден сикел. Половина сикел нека биде прилогот за Јехова.+ 14 Секој што ќе биде попишан, од дваесет години нагоре, нека му даде прилог на Јехова.+ 15 Богатиот нека не дава повеќе, а сиромавиот нека не дава помалку од половина сикел+ кога му дава прилог на Јехова, за да се изврши обредот на очистување за вашите души.+ 16 Земи ги од синовите на Израел сребрениците за очистувањето и употреби ги за службата во шаторот на средбата,+ и тоа нека биде како спомен пред Јехова за синовите на Израел, за очистување на вашите души“.
17 Јехова потоа му рече на Мојсеј: 18 „За миење направи мијалник од бакар со подножје од бакар.+ Постави го меѓу шаторот на средбата и жртвеникот и налеј вода во него,+ 19 па Арон и неговите синови од него нека си ги мијат рацете и нозете.+ 20 Кога ќе влегуваат во шаторот на средбата, првин нека се измијат со вода за да не загинат, исто така и кога му пристапуваат на жртвеникот за да служат и да ја горат жртвата палена за Јехова.+ 21 Нека си ги мијат рацете и нозете за да не загинат.+ Тоа нека им биде трајна уредба за навек, нему и на неговите потомци од поколение до поколение“.+
22 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 23 „А ти земи ги најдобрите мириси:+ петстотини сикли смирна+ во стврднати капки, половина од тоа количество — двесте и педесет сикли — мирислив цимет,+ двесте и педесет сикли мирислива трска,+ 24 петстотини сикли касија,+ сето тоа според светиот сикел,+ и еден ин+ маслиново масло. 25 Од тоа направи свето масло за помазание, мирисливо масло, вешто направена смеса.+ Тоа нека биде свето масло за помазание.+
26 Помажи ги со него шаторот на средбата+ и ковчегот на сведоштвото, 27 масата и сиот нејзин прибор, светилникот и неговиот прибор, кадилниот жртвеник, 28 жртвеникот за жртвите паленици и сиот негов прибор, како и мијалникот и неговото подножје. 29 Посвети ги за да бидат нешто најсвето.+ Оној што ги допира мора да биде свет.+ 30 Помажи ги Арон+ и неговите синови+ и посвети ги за да ми служат како свештеници.+
31 И кажи им на синовите на Израел: ‚Ова нека ми биде свето масло за помазание низ вашите идни поколенија‘.+ 32 Не смее да се мачка по човечко тело, ниту смеете да правите масла со ваков состав. Тоа е свето и нека ви биде свето и вам. 33 Секој што ќе направи такво мирисливо масло и ќе му стави од него на кој и да е од обичниот народ, да биде погубен, и така да биде отстранет од неговиот народ“.+
34 Јехова уште му рече на Мојсеј: „Земи мириси:+ капки од стакта, потоа мирисливи школки, мирислив халван и чист темјан.+ Сѐ нека биде во еднакви делови. 35 И од тоа направи темјан,+ смеса од вешто приготвени мирудии, посолена,+ чиста, света. 36 Дел од тоа столчи во прав и стави еден дел пред Сведоштвото во шаторот на средбата,+ од каде што ќе се среќавам со тебе.+ Тоа нека ви биде нешто најсвето. 37 Темјанот што ќе го направиш според овој состав не смеете да го правите за себе.+ Тоа нека ти биде како нешто што е свето за Јехова.+ 38 Кој ќе си направи такво нешто за да му мириса, да биде погубен,+ и така да биде отстранет од неговиот народ“.