Изреки
6 Сине мој, ако си гарантирал за некого,
ако си му дал збор* на непознат човек,
2 ако си се фатил во замка со тоа што си го ветил
и ако си се врзал со збор,
3 тогаш си паднал во негови раце.
Сине мој, направи го ова за да се ослободиш:
оди, понизи се пред него и сесрдно моли го за милост.
4 Немој око да склопиш
и немој ни за миг да дремнеш.
5 Ослободи се како газела од раката на ловецот,
како птица од раката на птичарот.
7 Иако нема ни заповедник, ни управител, ни господар,
8 си подготвува храна лете
и собира резерви додека трае жетвата.
9 До кога ќе лежиш, мрзливецу?
Кога ќе станеш од спиење?
10 Поспиј си уште малку, дремни си уште малку,
поседи си уште малку со скрстени раце,
11 и сиромаштијата ќе ти дојде како крадец
и немаштијата како вооружен разбојник.
12 Оној што е расипан и злобен оди наоколу и зборува лаги,
13 намигнува со окото, дава знаци со ногата и покажува со прстите.
14 Срцето му е изопачено,
постојано смислува зло и сее раздор.
16 Има шест работи кои Јехова ги мрази,
седум кои му се одвратни:
17 горделиви очи, лажлив јазик и раце што пролеваат невина крв,
18 срце што крои зли планови и нозе што брзо трчаат да направат зло,
19 лажен сведок што лаже штом ќе отвори уста
и оној што сее раздор меѓу браќата.
21 Врежи си ги засекогаш во срцето
и врзи си ги околу вратот.
25 Немој да копнееш по нејзината убавина
и не дозволувај да те освои со својот заводлив поглед,
26 бидејќи поради блудница човек доаѓа до просјачки стап,
а туѓата жена ќе го чини живот.
27 Може ли некој да стави оган во пазувите,
а да не му се запали облеката?
28 Може ли некој да оди по вжарени јаглења,
а да не си ги изгори нозете?
29 Истото ќе го снајде секој што има односи со жената на својот ближен —
ниту еден што ќе ја допре нема да си помине неказнето.
30 Луѓето не го презираат крадецот
ако украде затоа што е гладен.
31 Сепак, кога ќе го фатат, ќе врати седумкратно,
ќе даде сѐ што има во својата куќа.
32 Секој што има односи со туѓа жена е безумен.*
Кој прави такво нешто, самиот се упропастува.