5. Мојсеева
9 Чуј, Израеле! Денес преминуваш преку Јордан+ за да влезеш во таа земја и да освоиш народи помоќни и поголеми од тебе,+ градови големи и до небо утврдени,+ 2 голем народ со висок раст, синови на Енак,+ кои ги знаеш и за кои чу дека се зборува: ‚Кој може да се одржи пред синовите на Енак?‘ 3 И така, знај денес дека Јехова, твојот Бог, оди пред тебе.+ Тој е оган што голта.+ Ќе ги истреби+ и ќе ги покори пред тебе, а ти земи го нивниот имот и брзо погуби ги, како што ти рече Јехова.+
4 Кога Јехова, твојот Бог, ќе ги истерува од пред тебе, немој да си речеш во срцето: ‚Поради мојата праведност, Јехова ме доведе во оваа земја за да ја заземам‘,+ зашто Јехова ги истерува тие народи од пред тебе поради нивната злоба.+ 5 Не одиш да ја заземеш нивната земја поради твојата праведност+ или поради справедливоста на твоето срце,+ туку Јехова, твојот Бог, ги истерува тие народи од пред тебе поради нивната злоба+ и за да го одржи зборот со кој им се заколна на твоите прататковци Авраам,+ Исак+ и Јаков.+ 6 И така, знај дека Јехова, твојот Бог, не ти ја дава оваа добра земја да ја заземеш поради твојата праведност, зашто ти си непокорен* народ.+
7 Запомни и никогаш немој да заборавиш како го предизвикуваше Јехова, својот Бог, во пустината.+ Од денот кога излеговте од египетската земја додека не дојдовте на ова место, се буневте против Јехова.+ 8 И на Хорив го предизвикавте Јеховиниот гнев, па Јехова толку се разгневи на вас што сакаше да ве истреби.+ 9 Кога се качив на планината за да ги добијам камените плочи,+ плочите на сојузот кој Јехова го склучи со вас,+ останав на планината четириесет дена и четириесет ноќи+ — ниту леб јадев ниту вода пиев. 10 И тогаш Јехова Бог ми даде две камени плочи, кои ги испиша со својот прст.+ На нив беа сите зборови што ви ги кажа Јехова од огнот на планината на денот кога се собра вашата заедница.+ 11 По четириесет дена и четириесет ноќи, Јехова ми ги даде двете камени плочи, плочите на сојузот.+ 12 И Јехова ми рече: ‚Стани, брзо слези одовде, зашто твојот народ, кој го изведе од Египет, се расипа.+ Брзо скршна од патот што му го одредив. Си направи леана статуа‘.+ 13 И Јехова уште ми рече: ‚Го набљудував овој народ и гледам дека тоа е непокорен* народ.+ 14 Пушти ме да ги истребам+ и да го избришам нивното име од под небото,+ а од тебе ќе направам народ помоќен и поброен од нив‘.+
15 Потоа се свртив и слегов од планината, додека планината гореше во пламен.+ В раце ги држев двете плочи на сојузот.+ 16 И погледнав и, ете, сте му згрешиле на Јехова, својот Бог! Сте си направиле леано теле.+ Брзо скршнавте од патот што ви го одреди Јехова.+ 17 Тогаш ги грабнав двете плочи, ги фрлив со двете раце и ги распарчив пред ваши очи.+ 18 И паднав ничкум пред Јехова како и првиот пат, и останав пред него четириесет дена и четириесет ноќи. Ни леб јадев ни вода пиев+ поради сите ваши гревови што ги направивте, правејќи зло во очите на Јехова и навредувајќи го.+ 19 Зашто, се плашев од жестокиот гнев со кој Јехова се разгневи на вас, така што сакаше да ве истреби.+ Но Јехова и тогаш ме услиши.+
20 Јехова многу се разгневи и на Арон, така што сакаше да го погуби,+ но јас тогаш се помолив сесрдно+ и за Арон. 21 А вашиот грев, телето што си го бевте направиле,+ го зедов, го изгорев во оган, го искршив и потполно го здробив, така што од него остана само прав, а потоа го фрлив неговиот прав во потокот што течеше од планината.+
22 Вие го предизвикавте+ Јеховиниот гнев и во Тавера,+ во Маса+ и во Киврот-Атава.+ 23 И кога Јехова ве испрати од Кадис-Варни,+ велејќи: ‚Појдете горе и зеземете ја земјата што ви ја давам!‘ — се побунивте против наредбата на Јехова, својот Бог,+ и не му верувавте,+ ниту, пак, го слушавте неговиот глас.+ 24 Се буните против Јехова+ откако ве знам.
25 Затоа паѓав ничкум пред Јехова четириесет дена и четириесет ноќи,+ а тоа го правев затоа што Јехова рече дека ќе ве истреби.+ 26 И почнав сесрдно да му се молам+ на Јехова: ‚Севишен Господару Јехова, немој да го сотреш својот народ, својата сопственост,+ која ја откупи во своето величие и која ја изведе од Египет+ со силна рака.+ 27 Сети се на своите слуги Авраам, Исак и Јаков.+ Не обѕрнувај се на тврдокорноста на овој народ, на неговата злоба и на неговиот грев,+ 28 за да не се зборува во земјата+ од која нѐ изведе: „Јехова не можеше да ги доведе во земјата што им ја вети и ги мрази, па затоа ги изведе за да ги убие во пустината“.+ 29 А тие се сепак твој народ и твоја сопственост,+ и ти ги изведе со голема сила и со подигната рака‘.+