Евреите
8 А во ова излагање главното е ова: имаме таков првосвештеник,+ кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата.+ 2 Тој е слуга кој за луѓето служи* на светото место+ и во вистинскиот шатор што го подигна Јехова,+ а не човек.+ 3 Зашто, секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви.+ Затоа беше потребно и тој да има што да принесе.+ 4 А да е на земјата, не би бил свештеник,+ бидејќи веќе постојат оние што принесуваат дарови според Законот, 5 но тие му служат на Бог* на место кое е слика+ и сенка+ на она небесното, како што на Мојсеј, кога требаше да направи шатор,+ му беше дадена заповед од Бог,+ кој рече: „Гледај да направиш сѐ според образецот што ти беше покажан на планината“.+ 6 Но сега Исус доби служба која е повозвишена од поранешната, па стана посредник+ на сојузот што исто така е подобар од оној претходниот, на сојузот+ кој е законски втемелен врз подобри ветувања.+
7 Зашто, да беше без недостаток оној првиот сојуз, немаше да биде потребен вториот.+ 8 А Бог, укорувајќи го народот, вели: „,Еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе склучам нов сојуз со домот на Израел и со домот на Јуда,+ 9 не според оној сојуз+ што го склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од египетската земја,+ зашто тие не останаа во мојот сојуз,+ па повеќе не се грижев за нив‘, вели Јехова.+
10 ‚Зашто, ова е сојузот што ќе го склучам со домот на Израел по тие денови,‘ вели Јехова. ‚Ќе ги ставам своите закони во нивниот ум и ќе ги запишам во нивните срца.+ И јас ќе им бидам Бог,+ а тие ќе бидат мој народ.+
11 И нема повеќе никој да го учи својот сограѓанин, ниту својот брат, велејќи: „Запознај го Јехова!“+ Зашто, ќе ме познаваат сите,+ од најмал до најголем. 12 Зашто, ќе бидам милостив спрема нивните неправедни дела, и повеќе нема да се присетувам+ на нивните гревови‘ “.+
13 Кога вели „нов сојуз“, оној претходниот го направи застарен.+ А она што е застарено и што старее, близу е до исчезнување.+