На управителот. Псалм од синовите на Кореј. Песна.
85 Ти омиле, Јехова, твојата земја,+
го врати заробениот народ на Јаков.+
2 Му го прости престапот на својот народ,+
ги покри сите нивни гревови.+ (Села)
3 Го воздржа сиот свој гнев,+
се одврати од својата жестока лутина.+
4 Врати нѐ на она што го имавме порано, Боже на нашето спасение,+
и одврати ја од нас својата лутина!+
5 Зар довека ќе се гневиш на нас?+
Зар ќе ја пренесуваш својата лутина од поколение на поколение?+
6 Зар нема да нѐ оживееш повторно,+
за да се радува твојот народ поради тебе?+
7 О Јехова, покажи ја својата милост+ кон нас,
и дај ни го своето спасение!+
8 Ќе слушам што ќе ми рече вистинскиот Бог Јехова,+
зашто тој ќе им зборува за мир на својот народ+ и на своите лојални слуги,
но нека не се надеваат повторно на себе.+
9 Навистина неговото спасение е близу до оние што се бојат од него,+
за да престојува славата во нашата земја.+
10 Милоста и вистинољубивоста ќе се сретнат,+
праведноста и мирот ќе се бакнат.+
11 Вистинољубивоста ќе никне од земјата+
и праведноста ќе гледа од небото.+
12 А Јехова ќе го даде она што е добро,+
и нашата земја ќе го даде својот род.+
13 Пред него ќе оди праведноста+
и ќе разгази пат со помош на неговите чекори.+