Јов
22 Тогаш Елифаз од Теман одговори:
2 „Има ли Бог некаква корист од човекот?+
Има ли тој некаква корист од разборитиот човек?
4 Зар ќе те прекори поради твојата богобојазливост,
зар ќе се суди со тебе?+
5 Зар сега не е веќе преголема твојата злоба+
и зар им нема крај на твоите престапи?
6 Зашто, од своите браќа земаш залог без причина+
и им ја соблекуваш облеката на голи луѓе.
7 Не му даваш вода на уморниот,
му го скратуваш лебот на гладниот.+
8 Земјата му припаѓа на моќниот човек,+
оној што има повластици ужива на неа.
9 Вдовиците ги отпушташе со празни раце,
скршени им се рацете на децата без татко.+
10 Затоа има птичарски замки насекаде околу тебе+
и ненадеен страв те обзема,
11 темнина те опкружува, па не гледаш,
надојдени води те покриваат.
13 А ти велиш: ‚Што знае Бог?
Може ли да суди низ густа темнина?
14 Облаците се негово скривалиште, па не гледа,
тој оди по небесниот свод‘.
15 Зар ќе се држиш за древниот пат
по кој одат злите,
16 кои се зграпчени пред да им дојде времето,+
чии темели+ се разлеваат како река,
17 и кои на вистинскиот Бог му велат: ‚Остави нѐ!+
Што може да ни направи Семоќниот?‘
19 Праведниците ќе ја видат нивната пропаст и ќе се радуваат,+
невин човек ќе им се подбива:
20 ‚Навистина се истребени нашите противници,
а она што остана од нив, оган ќе го проголта‘.
21 Те молам, запознај го Бог и биди во мир,
па ќе ти биде добро!
22 Те молам, прифати го законот од неговата уста,
стави ги неговите зборови во своето срце!+
23 Ако се вратиш кај Семоќниот,+ ќе се подигнеш од своите урнатини.
Ако ја задржиш неправдата далеку од својот шатор,
24 ако фрлиш во правот скапоцена руда*
и офирско злато+ меѓу камењето во долината,
25 Семоќниот ќе стане твоја скапоцена руда
и твое најдобро сребро.+
28 Што и да одлучиш, тоа ќе ти се оствари,
и светлина ќе ги осветли твоите патишта.+