147 Фалете го Јах,+
зашто е добро со песна да се слави нашиот Бог,+
прекрасно е — тој е достоен за фалба!+
2 Јехова го гради Ерусалим,+
ги собира расеаните Израелци.+
3 Ги лекува+ оние со скршено срце+
и им ги преврзува раните.+
4 Ги пребројува ѕвездите,+
сите ги вика по име.+
5 Нашиот Господар е голем и има голема моќ,+
на разумот негов му нема мерка.+
6 Јехова им помага на кротките,+
а злите ги понижува доземи.+
7 Возвратете му на Јехова со благодарење,+
свирете му на харфа на нашиот Бог,+
8 на оној што го покрива небото со облаци+
и ѝ подготвува дожд на земјата,+
и дава да никне зелена трева по планините.+
9 На животните тој им дава храна,+
на младите гаврани кои кон него гракаат.+
10 Тој не ужива во силата на коњот,+
ниту го радуваат брзите човечки нозе.+
11 Јеховина радост се оние што се бојат од него,+
оние што ја чекаат неговата милост.+
12 Фали го Јехова,+ Ерусалиме!
Фали го својот Бог, Сионе!+
13 Зашто, тој ги зацврсти резињата на твојата порта,
ги благослови твоите синови што се среде тебе.+
14 Ѝ дава мир на целата твоја земја,+
те сити со најдобрата пченица.+
15 Својата заповед ја испраќа на земјата,+
брзо трча неговата реч.
16 Дава снег како волна,+
и истура слана како пепел.+
17 Мразот свој го фрла како залаци.+
Кој може да опстане на тоа Божје студенило?+
18 Ја праќа својата реч+ и ги стопува.
Дувнува со својот ветар,+
и потекуваат води.
19 Својата реч му ја кажува на Јаков,+
своите уредби+ и закони на Израел.+
20 Не му направил така на ниту еден друг народ,+
и тие народи не ги познаваат неговите закони.+
Фалете го Јах!+