Јов
32 И така оние тројца престанаа да му одговараат на Јов, зашто тој беше праведен во свои очи.+ 2 Но се распали гневот на Елиу, синот на Варахил од Вуз,+ од семејството на Арам. Неговиот гнев се распали против Јов, зашто тој за својата душа тврдеше дека е поправедна од Бог.+ 3 А и против неговите тројца пријатели се распали неговиот гнев, затоа што не најдоа одговор на сето тоа, туку го прогласија Бог за зол.+ 4 А Елиу чекаше Јов да заврши, па дури тогаш проговори, зашто сите тие беа постари од него.+ 5 Додека Елиу гледаше дека нема одговор во устата+ на оние тројца мажи, неговиот гнев стануваше сѐ посилен. 6 И најпосле Елиу, синот на Варахил од Вуз, проговори и рече:
„Јас сум млад,
а вие сте старци,+
затоа се повлеков и се плашев
да ви го изнесам она што го знам.
7 Си реков: ‚Нека зборуваат многуте денови,
нека покажат мудрост многуте години‘.+
9 Многуте години сами по себе не даваат мудрост,+
и не е доволно да бидеш стар за да знаеш исправно да судиш.+
10 Затоа велам: ‚Послушај ме!
Сега ќе го изнесам она што го знам‘.
11 Ете, чекав вие да ги кажете своите зборови,
ги слушав вашите размислувања+
додека баравте вистински зборови.
12 Ве слушав внимателно,
но, ете, никој не го укори Јов,
никој од вас не даде одговор на неговите зборови,
13 затоа немојте да велите: ‚Ја најдовме мудроста.+
Него го побива Бог, а не некој човек‘.
14 Но неговиот говор не беше упатен против мене,
затоа нема да му одговорам со вашите зборови.
15 Се исплашија, повеќе не одговараат,
зборовите ги напуштиле.
16 А јас чекав, зашто тие повеќе не зборуваат,
само стојат, повеќе не одговараат.
17 Сега јас ќе го дадам својот одговор,
ќе го изнесам она што го знам.
18 Зашто, полн сум со зборови
и духот ме притиска+ во утробата.
19 Еве, мојата утроба е како вино што нема оддишка,
како нов мев што сака да пукне.+
20 Дајте ми да зборувам за да ми се олесни маката!
Ќе ги отворам усните и ќе одговорам.+