1. Самоилова
21 Потоа Давид дојде во Нов+ кај свештеникот Ахимелех, а Ахимелех+ треперејќи му дојде во пресрет на Давид и го праша: „Зошто си сам и зошто нема никој со тебе?“+ 2 Тогаш Давид му рече на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде заповед+ и ми рече: ‚Никој не смее ништо да знае зошто те праќам и што сум ти заповедал‘. Затоа се договорив со моите луѓе да се најдеме на тоа и тоа место. 3 А сега, дај ми нешто што ти е при рака! Можеби пет леба или нешто друго што ќе се најде“.+ 4 Но свештеникот му одговори на Давид: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб.+ Ќе ти дадам само ако мажите се воздржувале од жени“.+ 5 А Давид му одговори на свештеникот и му рече: „Се воздржувавме од жени како и секогаш кога одам во воен поход.+ Телата на луѓето се свети и кога одат на обична задача, а камоли денес кога задачата е посебна“. 6 Тогаш свештеникот му го даде она што беше свето,+ зашто таму немаше друг леб освен лебот што беше ставен пред Јехова,+ а потоа отстранет од пред него за да се замени со свеж леб во оној ден кога тој се отстранува.
7 А во тој ден таму беше еден слуга на Саул, кој се беше задржал+ пред Јехова. Се викаше Доик+ Едомецот+ и беше главниот пастир на Саул.+
8 Давид му рече на Ахимелех: „Имаш ли овде при рака некакво копје или меч? Не го зедов со себе ни мојот меч ни моето оружје, зашто задачата од царот беше итна“. 9 Тогаш свештеникот рече: „Еве, овде е мечот на Голијат+ Филистеецот, кого ти го уби во рамницата Ила,+ и завиткан е во наметка зад свештеничкиот ефод.+ Ако сакаш да го земеш, земи го, зашто овде нема друг освен него“. А Давид одговори: „Нема друг како него. Дај ми го!“
10 Така Давид стана и во оној ден побегна+ од Саул и дојде кај Ахис, царот на Гат.+ 11 А слугите на Ахис му рекоа на царот: „Не е ли тоа Давид, царот+ на таа земја? Зарем не играа+ пеејќи за него:
‚Саул погуби илјади,
а Давид десетици илјади свои непријатели‘?“+
12 И Давид се замисли во срцето над тие зборови и многу се исплаши+ од Ахис, царот на Гат. 13 Затоа почна пред нив да се преправа+ дека е луд+ и се однесуваше како да е луд додека беше меѓу нив. Шараше по градската порта и пушташе лиги по брадата. 14 На крајот Ахис им рече на своите слуги: „Еве, гледате дека човеков е луд! Што сте ми го довеле? 15 Зар нема доволно лудаци, па сте ми го довеле уште и овој да се будали пред мене? Зар тој ќе влезе во моја куќа?“