Исус Навин
14 Еве што добија Израеловите синови како наследство во ханаанската земја,+ кое им го дадоа во наследство свештеникот Елеазар, Исус, синот на Навин, и родовските поглавари на израелските племиња.+ 2 Со ждрепка го разделија наследството,+ како што беше заповедал Јехова преку Мојсеј, меѓу девет и пол племиња.+ 3 Зашто, Мојсеј уште пред тоа го одреди наследството за две и пол племиња од другата страна на Јордан.+ Но на племето на Леви не му даде наследство меѓу нив.+ 4 А од синовите на Јосиф настанаа две племиња+ — Манасија+ и Ефрем.+ А на племето на Леви не му беше дадено никакво наследство во земјата, освен градовите+ за живеење и околните пасишта за нивната стока и за целиот нивни имот.+ 5 Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј, така и направија Израеловите синови кога ја разделуваа земјата.
6 Тогаш синовите на Јуда му пристапија на Исус Навин во Гилгал,+ а Халев,+ синот на Јефониј Кенезовецот,+ му рече: „Ти добро знаеш што му рече Јехова+ на Мојсеј, Божјиот човек,+ за мене и за тебе во Кадис-Варни.+ 7 Имав четириесет години кога Мојсеј, Јеховиниот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја извидам земјата,+ и јас го известив за сѐ што видов, како што ми зборуваше срцето.+ 8 А браќата што појдоа со мене му влеаја на народот страв во срцето.+ Но јас ја вршев волјата на Јехова, својот Бог, во сѐ.+ 9 Затоа Мојсеј во тој ден се заколна: ‚Земјата на која стапна твојата нога+ ќе ви припадне тебе и на твоите синови како трајно наследство, зашто ти ја вршеше волјата на Јехова, мојот Бог, во сѐ‘.+ 10 И, еве, Јехова ме зачува жив,+ како што вети.+ Веќе поминаа четириесет и пет години откако Јехова му го вети тоа на Мојсеј, додека Израел уште одеше по пустината,+ и, еве, денес имам осумдесет и пет години. 11 Но и денес сум сѐ уште толку силен колку што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како извидувач.+ Како што имав сила тогаш, така имам сила за војна и денес, за да отидам и да се вратам.+ 12 Затоа сега, дај ми ги овие планини, кои Јехова ми ги вети во оној ден,+ зашто самиот чу во тој ден дека таму се Енаковците+ и дека таму има големи утврдени градови.+ Јехова секако ќе биде со мене,+ и ќе ги протерам. Јехова вети дека ќе биде така“.+
13 Тогаш Исус Навин го благослови Халев, синот на Јефониј, и му го даде во наследство Хеврон.+ 14 Затоа до ден-денес Хеврон му припаѓа на Халев, синот на Јефониј Кенезовецот, како наследство, зашто го слушаше Јехова, Богот на Израел, во сѐ.+ 15 А Хеврон се викаше порано Киријат-Арва+ (а Арва+ беше голем човек во Енаковци). И земјата се одмори од војна.+