ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Изреки 19
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Изреки — краток преглед

    • ИЗРЕКИ НА СОЛОМОН (10:1–24:34)

        • Оној што има разбирање не се лути лесно (11)

        • Жена кавгаџика е како покрив што прокиснува (13)

        • Разборитата жена е дар од Јехова (14)

        • Дисциплинирај го своето дете додека има надеж за него (18)

        • Мудро е да се слуша совет (20)

Изреки 19:2

Фусноти

  • *

    Или: „се истрчува“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Разбудете се!,

    Бр. 3 2020 стр. 4-5

Изреки 19:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/8/2013, стр. 10-14

    15/7/2003, стр. 23

    1/8/1998, стр. 32

    15/11/1992, стр. 15-18

Изреки 19:6

Фусноти

  • *

    Или: „достоинственикот“.

Изреки 19:8

Фусноти

  • *

    Или: „чува“.

  • *

    Буквално: „ќе најде добро“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Како да ја зачуваш Божјата љубов, стр. 128

    Божјата љубов, стр. 108-109

    Стражарска кула,

    1/7/1999, стр. 18-19

Изреки 19:11

Фусноти

  • *

    Или: „престапот“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Приближи му се на Јехова, стр. 187

    Радувај му се на животот засекогаш — Книга, лекција 56

    Стражарска кула,

    1/12/2014, стр. 12-13

    1/12/2007, стр. 19-20

    15/7/1995, стр. 22

    Разбудете се!,

    8/6/2005, стр. 19-20

    Книга за сите луѓе, стр. 26

    Спознание, стр. 166

Изреки 19:13

Фусноти

  • *

    Или: „која постојано приговара“.

Изреки 19:17

Фусноти

  • *

    Или: „го награди“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Одговор на библиски прашања, статија 155

    Приближи му се на Јехова, стр. 206-207

    Стражарска кула (за проучување),

    4/2017, стр. 29

    Стражарска кула (за проучување),

    12/2016, стр. 27

    Стражарска кула,

    15/10/2010, стр. 19

Изреки 19:18

Фусноти

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

  • *

    Или: „и не посакувај ја“.

Изреки 19:20

Фусноти

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/10/2002, стр. 32

Изреки 19:27

Фусноти

  • *

    Види го поимот „поука“ во Речникот.

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки 19:1-29

Изреки

19 Подобро е човек да биде сиромашен и да живее беспрекорно

отколку да биде глупав и да се служи со лаги.

 2 Не е добро човек да нема знаење,

и кој постапува брзоплето,* прави грев.

 3 Глупавоста го води човекот на погрешен пат,

а потоа тој му се лути на Јехова во своето срце.

 4 Богатиот има многу пријатели,

а сиромашниот останува и без својот пријател.

 5 Лажниот сведок нема да си помине без казна,

и оној кој лаже штом ќе отвори уста нема да се извлече.

 6 Многумина се трудат да ја стекнат наклоноста на великодушниот човек,*

и секој му е пријател на оној што дава подароци.

 7 Сиромашниот го мразат сите негови браќа,

а колку повеќе го избегнуваат неговите пријатели!

Тој ги моли за помош, но тие му вртат грб.

 8 Кој стекнува разборитост, се сака самиот себе.

Кој ја цени* проникливоста, ќе има успех.*

 9 Лажниот сведок нема да си помине без казна,

и оној кој лаже штом ќе отвори уста, ќе биде уништен.

10 На безумник не му прилега да живее во раскош,

а уште помалку на слуга да владее над кнезови!

11 Оној што има разбирање не се лути лесно;

и му носи чест тоа што преминува преку навредата.*

12 Гневот на царот е како рикање на лав,

а неговата наклоност е како роса по тревата.

13 Глупавиот син му носи неволји на својот татко,

а жена кавгаџика* е како покрив што прокиснува без престан.

14 Куќата и богатството се наследуваат од таткото,

а разборитата жена е дар од Јехова.

15 Мрзливиот човек тоне во длабок сон,

и кој не сака да работи, ќе гладува.

16 Кој ја држи заповедта, си го чува животот,

а кому не му е грижа како постапува, ќе умре.

17 Кој му помага на сиромавиот, му дава заем на Јехова,

и Бог ќе му врати* за тоа што го прави.

18 Дисциплинирај* го своето дете додека има надеж за него,

за да не бидеш одговорен за* неговата смрт.

19 Кој лесно избувнува, ќе си плати за тоа;

ако еднаш го поштедиш, ќе треба да го правиш тоа секогаш одново.

20 Слушај совет и прифати укор*

за да станеш мудар.

21 Многу планови има во срцето на човекот,

но што ќе науми Јехова, тоа и ќе се исполни.

22 Кај човекот се цени неговата верна љубов,

и подобро е да се биде сиромашен отколку лажливец.

23 Стравопочитта кон Јехова води во живот;

кој ја има, спие мирно и не го снаоѓа зло.

24 Мрзливиот ја става раката во чинијата,

но го мрзи да си ја принесе до устата.

25 Удри го потсмевачот за неискусниот да се опамети,

и укори го разумниот за да стекне поголемо знаење.

26 Синот што го малтретира својот татко и ја брка својата мајка

постапува срамно и нечесно.

27 Сине мој, ако престанеш да ги слушаш опомените,*

ќе застраниш од патеката на знаењето.

28 Нечесниот сведок ѝ се потсмева на правдата,

и злобните уживаат во злото.

29 Казната е за потсмевачите,

а ќотекот е за грбот на глупавите.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели