4. Мојсеева
12 Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеј поради жената Хусанка со која се беше оженил, зашто за жена беше зел Хусанка.+ 2 И велеа: „Зарем Јехова зборува само преку Мојсеј? Не зборува ли и преку нас?“+ И Јехова го слушаше тоа.+ 3 А Мојсеј беше многу кроток човек, најкроткиот+ од сите луѓе на земјата.
4 И Јехова веднаш им рече на Мојсеј, на Арон и на Маријам: „Вие тројцата одете кај шаторот на средбата“. Така тие тројцата отидоа. 5 Потоа Јехова слезе во столбот од облак+ и застана на влезот во шаторот, па ги повика Арон и Маријам. И двајцата истапија напред. 6 Тогаш им рече: „Ве молам, послушајте ги моите зборови. Да се јавеше меѓу вас Јеховин пророк, јас ќе му се објавев во видение.+ Ќе му зборував на сон.+ 7 Но не е така со мојот слуга Мојсеј!+ Нему му е доверен целиот мој дом.+ 8 Со него разговарам лице в лице,+ со јасни зборови, а не со загатки.+ И тој ја гледа Јеховината појава.+ Како тогаш не се плашевте да зборувате против мојот слуга, против Мојсеј?“+
9 Тогаш Јехова многу се разгневи против нив и си отиде. 10 И облакот се оддалечи од шаторот, и гледај, Маријам стана лепрозна, бела како снег.+ А Арон се сврте кон Маријам и виде дека е лепрозна.+ 11 Тогаш Арон му рече на Мојсеј: „Прости ми, господару! Те молам, не земај ни ја за грев глупоста што ја направивме!+ 12 Те молам, таа да не остане како некој мртовец,+ кому телото уште при излегувањето од мајчината утроба половина му е изедено!“ 13 И Мојсеј викна кон Јехова: „О Боже, те молам, излечи ја!“+
14 А Јехова му рече на Мојсеј: „Да ѝ плукнеше+ татко ѝ в лице, немаше ли да биде посрамена седум дена? Нека биде седум дена надвор од логорот,+ одвоена од заедницата,+ а потоа нека биде примена“.+ 15 Така Маријам беше седум дена надвор од логорот, одвоена од заедницата.+ Народот не тргна на пат додека Маријам не беше примена повторно. 16 Потоа народот тргна од Асирот+ и се улогори во пустината Фаран.+