2. Мојсеева
24 Потоа му рече на Мојсеј: „Искачете се кај Јехова — ти, Арон, Надав, Авиуд+ и седумдесетте+ старешини на Израел, па поклонете се оддалеку. 2 Мојсеј сам нека му пристапи на Јехова, а тие нека не му пристапуваат и народот нека не се качува со него!“+
3 И Мојсеј дојде и му ги пренесе на народот сите зборови од Јехова и сите негови закони,+ а сиот народ едногласно одговори: „Ќе ги вршиме сите заповеди што ги даде Јехова“.+ 4 И Мојсеј ги запиша сите зборови од Јехова.+ А изутрината подрани и во подножјето на планината подигна жртвеник и дванаесет столбови за дванаесетте племиња на Израел.+ 5 И испрати младичи од синовите на Израел да му принесат на Јехова жртви паленици и да жртвуваат јунци како жртви на заедништвото.+ 6 Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја стави во садови,+ а со другата половина го попрска жртвеникот.+ 7 На крајот ја зеде книгата на сојузот+ и ја прочита пред народот.+ А народот рече: „Сѐ што рекол Јехова ќе правиме и ќе послушаме“.+ 8 Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот,+ велејќи: „Ова е крвта на сојузот+ што го склучи Јехова со вас на темел на сите овие зборови“.
9 И така Мојсеј, Арон, Надав, Авиуд и седумдесет старешини на Израел отидоа горе 10 и го видоа Богот на Израел.+ Под неговите нозе имаше нешто како подножје од камен сафир, по чистотата слично на самото небо.+ 11 И тој не дигна рака на угледните луѓе од синовите на Израел,+ туку тие во видение го видоа вистинскиот Бог,+ па јадеа и пиеја.+
12 И Јехова му рече на Мојсеј: „Искачи се кај мене на планината и остани ваму, зашто ќе ти ги дадам камените плочи, законот и заповедите, кои ќе ги напишам за нивна поука!“+ 13 Така станаа Мојсеј и неговиот слуга Исус Навин, па Мојсеј се искачи на планината на вистинскиот Бог.+ 14 А на старешините им рече: „Чекајте нѐ тука додека да се вратиме кај вас!+ Еве, Арон и Ор+ се со вас. Ако некој има некаков спор, нека им се обрати ним!“+ 15 Така Мојсеј се искачи на планината, а облак ја покри планината.+
16 И Јеховината слава+ почиваше на планината Синај+ и облакот ја покриваше планината шест дена. А на седмиот ден Бог го повика Мојсеј од облакот.+ 17 Во очите на синовите на Израел таа глетка на Јеховината слава беше како оган што проголтува+ на врвот од планината. 18 И Мојсеј влезе во облакот и се искачи на планината.+ И остана на планината четириесет дена и четириесет ноќи.+