Псалми
На управителот, за гитит.*+ Псалм од синовите на Кореј. Песна.
2 Душава ми копнее и венее по Јеховините дворови.+
Моето срце и тело му воскликнуваат радосно на живиот Бог.+
3 И птицата си наоѓа дом
и ластовичката гнездо
каде што ги лежи своите пилиња
близу до твојот величествен жртвеник, Јехова над војските, Царе мој и Боже мој!
5 Среќни се луѓето што добиваат сила од тебе,+
чиешто срце копнее да оди по патиштата што водат во твојот дом.+
6 Поминувајќи низ сувата долина во која растат грмушките бака,*+
ја претвораат во извор.
Учителот+ се облекува со благослови.
10 Зашто, еден ден во твоите дворови е подобар отколку илјада денови на друго место.+
Повеќе сакам да стојам на прагот од домот на својот Бог+
отколку да живеам во шаторите на злите.+
11 Зашто, Јехова Бог е сонце+ и штит,+
тој покажува милост и укажува чест.+
Јехова нема да им скрати никакво добро на оние што живеат* непорочно.*+
12 О Јехова над војските, среќен е човекот што има доверба во тебе!+