Јован
15 Јас сум вистинската лоза,+ а мојот Татко е лозарот.+ 2 Секоја прачка на мене што не носи плод, тој ја отстранува,+ а секоја што носи плод, ја чисти+ за да донесе повеќе плод.+ 3 Вие сте веќе чисти поради Божјата реч што ви ја зборував.+ 4 Останете во единство со мене, и јас ќе останам во единство со вас.+ Како што прачката не може да донесе плод сама од себе, ако не остане на лозата, така не можете ни вие, ако не останете во единство со мене.+ 5 Јас сум лозата, вие сте прачките. Кој останува во единство со мене и јас во единство со него, тој донесува многу плод,+ зашто одвоени од мене не можете да направите ништо. 6 Ако некој не остане во единство со мене, ќе биде исфрлен надвор како бескорисна прачка, па ќе се исуши. Тогаш таквите прачки се собираат и се фрлаат во оган, па изгоруваат.+ 7 Ако останете во единство со мене и ако моите зборови останат во вас, замолете за што и да сакате, и ќе ви се случи.+ 8 Мојот Татко се прославува ако донесувате многу плод и ако сте мои ученици.+ 9 Како што Таткото ме сакаше мене+ така и јас ве сакав вас. Останете во мојата љубов! 10 Ако ги држите моите заповеди,+ ќе останете во мојата љубов, како што јас ги држев заповедите на Таткото+ и останувам во неговата љубов.
11 Ова ви го зборував за да биде мојата радост во вас, и вашата радост да биде потполна.+ 12 Ова е мојата заповед: сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас!+ 13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот* за своите пријатели.+ 14 Вие сте мои пријатели ако го правите она што ви го заповедам.+ 15 Повеќе не ве нарекувам робови, бидејќи робот не знае што прави неговиот господар. Ве нарекувам пријатели,+ бидејќи ви објавив сѐ што чув од мојот Татко.+ 16 Вие не ме избравте мене, туку јас ве избрав вас, и ве одредив да одите и да донесувате плод+ и вашиот плод да остане, та што и да побарате од Таткото во мое име, да ви даде.+
17 Ова ви го заповедам: сакајте се еден со друг!+ 18 Ако светот ве мрази, знајте дека мене ме мразеше пред вас.+ 19 Да бевте дел од светот, светот ќе ве сакаше зашто ќе бевте негови.+ Но бидејќи не сте дел од светот,+ туку јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази.+ 20 Сеќавајте се на зборовите што ви ги кажав: ‚Робот не е поголем од својот господар‘. Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас,+ ако ги држеа моите зборови, ќе ги држат и вашите. 21 Но сето тоа ќе ви го прават поради моето име, бидејќи не го познаваат оној што ме прати.+ 22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев,+ но сега немаат изговор за својот грев.+ 23 Кој ме мрази мене, го мрази и мојот Татко.+ 24 Да не ги направев меѓу нив делата што никој друг не ги има направено,+ немаше да имаат грев,+ но сега ги видоа, па нѐ замразија и мене и мојот Татко.+ 25 Но тоа е за да се исполнат зборовите напишани во нивниот Закон: ‚Ме мразеа без причина‘.+ 26 Кога ќе пристигне помошникот,* кого јас ќе ви го испратам од Таткото,+ духот на вистината, кој доаѓа од Таткото, тој ќе сведочи за мене,+ 27 а и вие ќе сведочите,+ бидејќи од почетокот бевте со мене.