Михеј
5 „Сега се сечеш по телото,+ граде нападнат. Непријателот нѐ опсадува.+ Со стап ќе удираат по образот на судијата на Израел.+
2 А ти, Витлееме Ефрато,+ кој си најмал од Јудините градови,+ од тебе+ ќе ми излезе оној што ќе биде владетел во Израел,+ кој потекнува од дамнини, од прадамнешните денови.+
3 Затоа ќе бидат предадени и оставени+ додека не роди онаа што треба да роди.+ А остатокот од неговите браќа ќе се вратат кај синовите на Израел.
4 Тој ќе стои и ќе го пасе стадото со силата на Јехова,+ со величеството на името на Јехова, својот Бог.+ И тие ќе живеат таму,+ зашто неговата величина ќе се протега до краиштата на земјата.+ 5 И тој ќе донесе мир.+ А кога Асирецот ќе дојде во нашата земја и ќе гази во нашите утврдени дворци,+ ќе подигнеме против него седум пастири, осум кнезови од луѓето. 6 Тие ќе ја пасат земјата Асирија+ со меч и земјата на Нимрод+ на нејзините влезови. И тој ќе донесе избавување од Асирецот+ кога овој ќе дојде во нашата земја и ќе стапне на наше тло.
7 А остатокот од Јаков+ ќе биде среде многуте народи како роса од Јехова,+ како обилен дожд врз растенијата,+ кој не зависи од човекот и не ги чека синовите човечки.+ 8 Остатокот од Јаков ќе биде меѓу народите, среде многуте народи, како лав меѓу шумските ѕверови, како млад лав меѓу стадо овци, кој кога проаѓа ги гази и ги раскинува на парчиња,+ а нема кој да ги избави. 9 Твојата рака ќе биде високо над твоите противници+ и сите твои непријатели ќе бидат истребени.“+
10 „И во тој ден“, вели Јехова, „ќе ги истребам твоите коњи што се сред тебе и ќе ги уништам твоите коли.+ 11 Ќе ги затрам градовите во твојата земја и ќе ги урнам сите твои утврдени места.+ 12 Од твојата рака ќе го истребам гатањето и повеќе нема да ги имаш оние што прават магии.+ 13 Ќе ги истребам твоите режани ликови и столбовите што се сред тебе и нема повеќе да му се поклонуваш на делото од своите раце.+ 14 И ќе ги откорнам твоите обредни диреци,*+ кои се сред тебе и ќе ги разорам твоите градови. 15 И во гнев и во јарост ќе им се одмаздам на народите што не сакаа да слушаат.“+