Јов
9 Тогаш Јов одговори:
2 „Навистина, добро знам дека е така.
Но, како може смртниот човек да има право кога е во спор со Бог?+
3 Кога би посакал Бог да се препира со него,+
човекот не би можел да му одговори ниту на едно од илјада прашања.
4 Тој има мудро срце и голема моќ.+
Кој може тврдоглаво да му се спротивстави и да помине неказнето?+
6 Ја затресува земјата и ја помрднува од нејзиното место,
па затреперуваат нејзините столбови.+
7 Му вели на сонцето да не свети,
ги запечатува ѕвездите за да не се гледа нивната светлина,+
8 сам ги распнува небесата+
и гази по високите морски бранови.+
9 Ги создал соѕвездијата Аш* и Кесил,*
соѕвездието Кима*+ и одаите на Југот.*
10 Тој прави големи и неистражливи дела,+
чудеса на кои им нема број.+
11 Еве, тој поминува покрај мене, а јас не го гледам;
одминува, а јас не го забележувам.+
12 Еве, тој граба и кој може да му се спротивстави?
Кој ќе му рече: ‚Што правиш?‘+
14 А како тогаш да му одговорам јас?
Би морал добро да ги бирам зборовите што би му ги кажал.+
15 Затоа нема да му одговорам, дури и да имам право.+
Ќе барам милост од својот противник во спорот.+
16 Кога ќе го повикам, дали ќе ми се одѕвие?+
Не верувам дека ќе приклони уво кон мојот глас
17 тој што ме сотира со бура
и ми ги умножува раните без причина.+
18 Не ми дава ни да здивнам,+
зашто ме сити со горчила.
19 Ако е некој силен во моќта, тогаш тоа е тој.+
Ако е некој силен во правдата — е, таков да ме бранеше пред него!
20 Кога би имал право, мојата уста би ме прогласила за зол.
Кога би бил беспрекорен, тој би ме прогласил за расипан.
21 И кога би бил беспрекорен, не би ја познавал својата душа,
би ми одмилеал и животот.
22 Исто е. Затоа велам:
‚И беспрекорниот и злиот тој ги доведува до нивниот крај‘.+
23 Кога поројот ненадејно би донел смрт,
тој би го исмејувал очајот на невините.
24 На земја што е предадена во рацете на злиот+
тој им ги покрива очите на нејзините судии.
Ако не го прави тоа тој, тогаш кој го прави?
25 Моите денови се побрзи од гласник што трча;+
бегаат и нема да видат добро.
26 Минуваат како бродови од трска,
како орел што вратоломно се спушта час таму час ваму барајќи плен.+
28 ужас ме обзема од сите мои болки;+
знам дека нема да ме сметаш за невин.
29 Сигурно ќе бидам прогласен за зол.
Зошто да се трудам залудно?+
30 Кога би се измил во вода од снег,
кога би си ги исчистил рацете со пепелница,+
31 ти би ме турнал во тиња,
па ќе се гнаси од мене и мојата облека.
32 Зашто, тој не е човек+ како мене за да можам да му одговорам
и за да одам на суд со него.
33 Нема таков што би можел да суди меѓу нас,+
па да ја стави раката врз нас двајцата.
34 Нека го тргне својот стап од мене,+
и повеќе нека не ме плаши неговата стравотија!
35 Ќе зборувам и нема да се плашам од него,
зашто јас во себе не сум таков.