Псалми
3 Биди ми камена тврдина во која ќе влегувам секогаш.+
Заповедај да бидам спасен,+
зашто ти си мојата карпа и мојата тврдина.+
4 Боже мој, ослободи ме од раката на злиот,+
од дланката на оној што постапува неправедно и угнетува други.+
5 Зашто, ти си мојата надеж,+ Севишен Господару Јехова, мојата доверба од младоста моја.+
6 На тебе се потпирам откако излегов од утробата,+
ти ме одвои од мајчината утроба.+
Тебе те фалам непрестајно.+
10 Зашто, моите непријатели зборуваат за мене,+
оние што ја демнат мојата душа заедно се договараат,+
11 и велат: „Бог го оставил.+
Прогонувајте го и фатете го, зашто нема кој да го избави“.+
13 Нека се засрамат и нека исчезнат оние што ѝ се противат на мојата душа.+
Нека се покријат со срам и со понижување оние што ми посакуваат несреќа.+
15 Мојата уста ќе ја објавува твојата праведност,+
твоето спасение+ по цел ден,
зашто не им го знам бројот.+
16 Ќе дојдам со глас за твојата голема моќ,+ Севишен+ Господару Јехова,
ќе зборувам за твојата праведност, само за твојата праведност.+
18 Не оставај ме ни во староста, кога ќе ми побели косата, о Боже,+
за да можам да му раскажувам на следното поколение+ за твојата рака,
на сите што ќе дојдат — за твојата моќ.+
19 Твојата праведност, Боже, стигнува до висините.+
Во големите дела што ги направи,+
Боже, кој е како тебе?+
20 Ти ми даде да видам многу маки и неволји,+
затоа оживеј ме повторно+
и од водните бездни на земјата повторно извлечи ме.+