2. Мојсеева
4 Но Мојсеј одговори: „А што ако не ми поверуваат и ако не го послушаат мојот глас,+ туку речат: ‚Не ти се појавил Јехова‘?“ 2 Тогаш Јехова му рече: „Што ти е тоа во раката?“ А тој одговори: „Стап“.+ 3 „Фрли го на земја!“ — му рече. И тој го фрли на земја и стапот се претвори во змија,+ па Мојсеј почна да се истава од неа. 4 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Посегни со раката и фати ја за опашка!“ И тој посегна со раката и ја фати, а таа стана стап во неговата рака. 5 Тогаш му рече: „Така ќе веруваат дека ти се појавил+ Јехова, Богот на нивните прататковци,+ Богот на Авраам,+ Богот на Исак+ и Богот на Јаков“.+
6 Јехова уште му рече: „Те молам, стави ја раката во пазувата“. И тој ја стави раката во пазувата. Кога ја извади, гледај, раката му беше лепрозна, бела како снег!+ 7 Потоа му рече: „Стави ја повторно раката во пазувата“. И тој повторно ја стави раката во пазувата. Кога ја извади, гледај, пак беше како и останатиот дел од телото.+ 8 „Ако не ти поверуваат“, рече тој, „и не послушаат по првото чудо, ќе поверуваат по второто чудо.+ 9 А ако ни по овие две чуда не поверуваат и не го послушаат твојот глас,+ тогаш нацрпи вода од Нил и истури ја на земја. Водата што ќе ја нацрпиш од Нил, на земјата ќе се претвори во крв.“+
10 Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Прости Јехова, но јас не сум речовит човек, никогаш не сум бил таков, а не сум ни сега откако ти му проговори на својот слуга, бидејќи сум со бавна уста и со бавен јазик“.+ 11 Тогаш Јехова му одговори: „Кој му ја дал устата на човекот, кој го прави нем или глув, кој му дава да гледа или да е слеп? Зарем не јас, Јехова?+ 12 Затоа оди сега, и јас ќе бидам со твојата уста и ќе те научам што да кажеш!“+ 13 Но тој рече: „Прости, Јехова, но те молам, испрати некој друг!“ 14 Тогаш Јехова се разгневи на Мојсеј и му рече: „Зарем не ти е брат левитот Арон?+ Знам дека е мошне речовит. И ене, токму ти доаѓа во пресрет. Кога ќе те види, ќе се израдува во срцето.+ 15 Ти зборувај му и ставај му ги зборовите в уста,+ а јас ќе бидам со твојата уста и со неговата уста+ и ќе ве поучам што да правите.+ 16 И тој ќе му зборува на народот наместо тебе. Тој тебе ќе ти биде наместо уста,+ а ти нему ќе му бидеш наместо Бог.+ 17 А овој стап земи го в рака за да правиш чуда со него!“+
18 Тогаш Мојсеј замина и се врати кај својот тест Јотор, па му рече:+ „Би сакал да отидам и да се вратам кај моите браќа во Египет, да видам дали сѐ уште се живи“.+ Тогаш Јотор му рече на Мојсеј: „Оди во мир“.+ 19 Потоа Јехова му рече на Мојсеј во Мадијам: „Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите што ја прогонуваа твојата душа“.+
20 Тогаш Мојсеј ги зеде жена си и синовите, па ги седна на едно магаре и тргна назад во египетската земја. А во раката го зеде стапот на вистинскиот Бог.+ 21 И Јехова му рече на Мојсеј: „Кога ќе отидеш и ќе се вратиш во Египет, погрижи се да ги направиш пред фараонот сите чуда што ги ставив во твојата рака!+ А јас ќе дозволам да му закорави срцето,+ па нема да го пушти народот да си оди.+ 22 А ти речи му на фараонот: ‚Вака вели Јехова: „Израел е мојот првороден син.+ 23 Затоа ти велам: пушти го мојот син да си оди и да ми служи! Ако не сакаш да го пуштиш, јас ќе го убијам твојот првороден син“ ‘ “.+
24 А на патот, во преноќевалиштето,+ Јехова дојде пред него+ и сакаше да го усмрти.+ 25 Но Сепфора+ зеде кремен, го обрежа+ својот син и ја фрли обрешката пред неговите нозе, па рече: „Зашто, ти си ми крвав младоженец“. 26 Потоа тој го пушти. Таа рече: „Крвав младоженец“, поради обрежувањето.
27 И Јехова му рече на Арон: „Оди во пустината да го пресретнеш Мојсеј“.+ Тогаш тој отиде и го сретна на планината на вистинскиот Бог+ и го бакна. 28 А Мојсеј му раскажа на Арон сѐ што му кажа Јехова, кој го беше испратил,+ и сите чуда што му беше заповедал да ги направи.+ 29 Потоа Мојсеј и Арон отидоа и ги собраа сите старешини на синовите на Израел.+ 30 И Арон им пренесе сѐ што му беше рекол Јехова на Мојсеј,+ а Мојсеј ги направи чудата+ пред очите на народот. 31 И народот поверува.+ Кога чуја дека Јехова погледнал+ на синовите на Израел и дека ја видел нивната неволја,+ се поклонија и паднаа ничкум.+