4. Мојсеева
1 На првиот ден од вториот месец по излегувањето од египетската земја,+ Јехова му зборуваше на Мојсеј во Синајската Пустина,*+ во шаторот на средбата,+ и му рече: 2 „Пребројте ја+ целата заедница од синови на Израел по нивните семејства, по домовите на нивните татковци, броејќи ги по име сите машки, глава по глава, 3 од дваесет години нагоре,+ сите способни за војска во Израел.+ Попишете ги, ти и Арон, по нивните чети.
4 И нека има и други луѓе со вас, по еден човек од секое племе, кој е поглавар на својот род.+ 5 Ова се имињата на луѓето што ќе ви помагаат: од Рувим+ — Елисур,+ син на Седиур; 6 од Симеон+ — Селумил,+ син на Сурисадај; 7 од Јуда+ — Насон,+ син на Аминадав; 8 од Исахар+ — Нетанел,+ син на Суар; 9 од Завулон+ — Елијав,+ син на Хелон; 10 од синовите на Јосиф:+ од Ефрем+ — Елисама, син на Амиуд; од Манасија+ — Гамалиил, син на Фадасур; 11 од Венијамин+ — Авидан,+ син на Гедеони; 12 од Дан+ — Ахиезер,+ син на Амисадај; 13 од Асер+ — Фагаил,+ син на Ехран; 14 од Гад+ — Елисаф,+ син на Деуел;+ 15 од Нефталим+ — Ахиреј,+ син на Енан. 16 Тоа се оние што беа повикани од заедницата, поглавари+ на племињата на своите татковци. Тие се поглавари на илјадниците на Израел“.+
17 Така Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе што беа одредени по име. 18 И на првиот ден од вториот месец ја собраа целата заедница за да се запише нивното потекло+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре,+ глава по глава, 19 како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. Така тој ги попиша+ во Синајската Пустина.
20 Синовите на Рувим, првородениот на Израел,+ нивните потомци по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име сите машки, глава по глава, од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 21 попишани од племето на Рувим, беа четириесет и шест илјади и петстотини.+
22 Потомците на синовите на Симеон+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, попишани глава по глава, броејќи ги по име сите машки од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 23 попишани од племето на Симеон, беа педесет и девет илјади и триста.+
24 Потомците на синовите на Гад+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 25 попишани од племето на Гад,+ беа четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.+
26 Потомците на синовите на Јуда+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 27 попишани од племето на Јуда, беа седумдесет и четири илјади и шестотини.+
28 Потомците на синовите на Исахар+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 29 попишани од племето на Исахар, беа педесет и четири илјади и четиристотини.+
30 Потомците на синовите на Завулон+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 31 попишани од племето на Завулон, беа педесет и седум илјади и четиристотини.+
32 Од синовите на Јосиф: потомците на синовите на Ефрем+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 33 попишани од племето на Ефрем,+ беа четириесет илјади и петстотини.+
34 Потомците на синовите на Манасија+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 35 попишани од племето на Манасија, беа триесет и две илјади и двесте.+
36 Потомците на синовите на Венијамин+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 37 попишани од племето на Венијамин, беа триесет и пет илјади и четиристотини.+
38 Потомците на синовите на Дан+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 39 попишани од племето на Дан, беа шеесет и две илјади и седумстотини.+
40 Потомците на синовите на Асер+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 41 попишани од племето на Асер, беа четириесет и една илјада и петстотини.+
42 Потомците на синовите на Нефталим+ по нивните семејства во домовите на нивните татковци, броејќи ги по име оние од дваесет години нагоре, сите способни за војска, 43 попишани од племето на Нефталим, беа педесет и три илјади и четиристотини.+
44 Тоа се попишаните што ги попиша Мојсеј со Арон и со дванаесетте поглавари на Израел. Секој од нив го претставуваше домот на своите татковци. 45 Сите синови на Израел што беа попишани по домовите на своите татковци, од дваесет години нагоре, сите способни за војска во Израел, 46 сите попишани беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.+
47 Но меѓу нив не беа вброени синовите на Леви+ според племето на нивните татковци.+ 48 Имено, Јехова му рече на Мојсеј: 49 „Само племето на Леви немој да го попишеш и не вбројувај го во синовите на Израел.+ 50 Постави ги левитите над шаторот на Сведоштвото,+ над целиот негов прибор и над сѐ што му припаѓа.+ Тие нека го носат светиот шатор со целиот негов прибор,+ нека служат+ во него и нека логоруваат околу него.+ 51 Кога шаторот треба да се премести, левитите нека го расклопат.+ Кога шаторот треба да се распне, левитите нека го подигнат. Ако се доближи некој од обичниот народ, да биде погубен.+
52 Синовите на Израел нека се улогорат, секој во својот логор и секој во својата триплеменска група,+ по своите чети. 53 А левитите нека се улогорат околу шаторот на Сведоштвото, за да не се подигне гнев+ против заедницата од синови на Израел. Левитите нека ја вршат службата во шаторот на Сведоштвото“.+
54 И синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. Токму така направија.+