2. Мојсеева
17 Целата заедница од синови на Израел тргнаа од пустината Син,+ поминувајќи дел по дел од патот, како што им заповеда Јехова.+ И се улогорија во Рафидин.+ Но тука немаше вода за да пие народот.
2 И народот почна да се препира со Мојсеј и да му вели:+ „Дај ни вода да пиеме!“ А Мојсеј им рече: „Зошто се препирате со мене? Зошто го испитувате Јехова?“+ 3 Но народот таму ожедне за вода, па мрмореше против Мојсеј и му велеше: „Зарем нѐ изведе од Египет за да нѐ убиеш со жед нас и нашите синови и нашата стока?“+ 4 И Мојсеј извика кон Јехова: „Што да правам со овој народ? Уште малку, па ќе ме каменуваат!“+
5 Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Излези пред народот+ и земи со себе неколку старешини на Израел и стапот со којшто удри по реката Нил.+ Земи го в рака и оди. 6 Еве, јас ќе стојам пред тебе онаму, на карпата на Хорив.* Удри по карпата и од неа ќе потече вода, па нека пие народот!“+ И Мојсеј направи така пред очите на старешините на Израел. 7 И тоа место го нарече Маса*+ и Мерива,*+ бидејќи синовите на Израел се препираа и го испитуваа Јехова,+ велејќи: „Дали е Јехова меѓу нас или не е?“+
8 Тогаш дојдоа Амаличаните+ да се борат со Израел во Рафидин.+ 9 И Мојсеј му рече на Исус Навин:+ „Избери луѓе за нас, па оди+ и бори се со Амаличаните! Утре ќе застанам на врвот од ридот, со стапот на вистинскиот Бог в рака“.+ 10 И Исус Навин направи како што му рече Мојсеј+ и завојува со Амаличаните, а Мојсеј, Арон и Ор+ се искачија на врвот од ридот.
11 И додека Мојсеј ги држеше рацете кренати, надвиваа Израелците,+ а кога ќе ги спуштеше, надвиваа Амаличаните. 12 Кога на Мојсеј му отежнаа рацете, зедоа еден камен, го ставија под него и тој седна. А Арон и Ор му ги држеа рацете, едниот од едната, а другиот од другата страна, така што рацете му останаа кренати сѐ до зајдисонце. 13 Така Исус Навин ги порази со сечилото на мечот+ Амаличаните и војската што беше со нив.
14 И Јехова му рече на Мојсеј: „Запиши го тоа во книгата за спомен+ и кажи му на Исус Навин: ‚Ќе го избришам споменот за Амаличаните од под небото‘ “.+ 15 Мојсеј направи жртвеник и го нарече Јехова-Ниси.* 16 И рече: „Поради тоа што кренаа рака на престолот+ на Јах,+ Јехова ќе војува со Амаличаните од поколение до поколение“.+