2. Самоилова
(или, според грчката Септуагинта, ВТОРА КНИГА ЗА ЦАРЕВИТЕ)
1 По смртта на Саул, Давид се врати откако ги победи Амаличаните,+ и два дена помина во Сиклаг.+ 2 А на третиот ден дојде еден човек+ од логорот на Саул. Облеката му беше раскината,+ а главата посипана со прав.+ Кога дојде кај Давид, падна ничкум и се поклони до земја.+
3 Давид го праша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Избегав од израелскиот логор“. 4 Тогаш Давид го праша: „Што се случило! Ајде раскажи ми!“ А тој му одговори: „Војската побегна од битката, и многу луѓе паднаа и загинаа.+ Загинаа и Саул+ и Јонатан,+ неговиот син“. 5 Тогаш Давид го праша младичот што му ја јави таа вест: „Од каде знаеш дека загинале Саул и Јонатан, неговиот син?“+ 6 А младичот, кој му го јави тоа, одговори: „Случајно се најдов на планината Гелвуја+ и го здогледав Саул како се опира на своето копје,+ а колите и коњаниците само што не го стигнаа.+ 7 Тогаш тој се сврти и ме здогледа, па ме повика, а јас му реков: ‚Еве ме!‘ 8 Потоа ме праша: ‚Кој си ти?‘ А јас му одговорив: ‚Јас сум Амаличанин‘.+ 9 Тогаш ми рече: ‚Те молам, дојди ваму и убиј ме, зашто ме обзеде смртен грч, а сета душа+ е уште во мене!‘ 10 И дојдов до него и го убив,+ зашто знаев дека нема да остане жив откако паднал ранет. Потоа ги зедов круната*+ што му беше на главата и гривната што му беше на раката за да му ги донесам ваму на својот господар“.
11 Тогаш Давид се фати за облеката и ја раскина,+ а така направија и сите луѓе што беа со него. 12 И тажеа, плачеа+ и постеа+ до вечерта за Саул и за Јонатан, неговиот син, и за Јеховиниот народ и за домот на Израел,+ зашто беа загинале од меч.
13 Потоа Давид го праша младичот што му го јави тоа: „Од каде си ти?“ А тој му одговори: „Јас сум син на еден дојденец, Амаличанин“.+ 14 Тогаш Давид му рече: „Како не се плашеше+ да дигнеш рака на Јеховиниот помазаник+ и да го убиеш?“ 15 И Давид повика еден од своите луѓе и му заповеда: „Дојди ваму и погуби го!“ И тој го удри, така што овој умре.+ 16 А Давид му рече: „Твојата крв нека падне врз твојата глава,+ зашто твојата уста сведочеше против тебе+ кога рече: ‚Јас го убив Јеховиниот помазаник‘ “.+
17 И Давид ја запеа оваа тажачка+ за Саул и за неговиот син Јонатан,+ 18 и им заповеда на синовите на Јуда+ да ја научат тажачката „Лак“.+ И еве, запишана е во книгата на Јашар:*+
19 „Твојата убавина, о Израеле, е погубена на твоите височинки!+
Како загинаа јунаците!
20 Не раскажувајте за тоа во Гат,+
не разгласувајте го тоа по улиците на Аскалон,+
за да не се радуваат филистејските ќерки,
за да не ликуваат ќерките на необрежаните!+
21 Гелвујски планини,+ роса да не паѓа на вас и дожд да не ве натопува, вашите полиња да не раѓаат за свет принос!+
Зашто, таму е извалкан штитот на јунаците,
па и штитот на Саул — нема повеќе штит помазан со масло.+
22 Без крв од погубени, без маст од јунаци
не се враќаше лакот на Јонатан,+
ниту мечот на Саул не се враќаше без успех!+
23 Саул и Јонатан,+ сакани и мили додека беа живи,
ни во смртта не се разделија!+
Побрзи беа од орлите,+
посилни од лавовите!+
24 Ќерки израелски, оплакувајте го Саул,
кој ве облече во раскошна црвена облека
и облеките ви ги китеше со злато!+
26 Жалам за тебе, брате Јонатане!
Колку многу ми беше мил!+
Твојата љубов ми беше почудесна од женската љубов!+
27 Како загинаа јунаците+
и како пропадна бојното оружје!“